Без оглед колку сте зафатени со работа и други одговорности, на повеќето луѓе им е потребен секс, интимност и близина во текот на целиот живот. Сексот не е само за задоволство, туку има и реални здравствени придобивки. Зголеменото либидо може да придонесе за подобар сексуален живот, помалку стрес и да го зголеми чувството на интимност помеѓу вас и партнерот.
Без разлика дали сакате да го направите поразновиден вашиот сексуален живот или едноставно да се обидете да станете малку попалави воопшто, нашите врвни совети ќе ви помогнат да го подобрите вашето либидо, па дури може да помогнат во подобрување на вашата целокупното здравствена состојба.
Ви претставуваме 7 природни начини и стратегии за зголемување на вашата сексуалната желба
ЉУБОВНАТА ИГРА
Првиот чекор за подобрување на вашиот сексуален живот лежи во два едноставни збора … љубовната игра! Следниот пат кога сте под чаршафите, обидете се да одвоите време и да се фокусирате на бакнување, допирање и орален секс пред сексуалниот однос. Може да вклучите исто така секс играчки или други нестандардни трикови, што исто така може да ги направат работите поразновидни.
Љубовната игра за жените може да биде од огромно значење. Некои студии покажуваат дека само 18% од жените достигнуваат оргазам само преку пенетрација при сексуален однос, додека 33,6% од жените споделуваат дека им е потребна клиторална стимулација за да доживеат оргазам. Голем дел од оваа стимулација започнува со предигра, па затоа е важно да одвоите доволно време за дополнително стимулирање и предиспонирање.
Подобрата љубовна предигра и долгорочните сексуални искуства исто така можат да ја зголемат вашата желба за секс, со што ќе го зголемите вашето либидо и целокупната сексуална желба.
ЗБОРУВАЈТЕ ОТВОРЕНО СО ВАШИОТ ПАРТНЕР
Знаеме дека звучи необично, но оваа едноставна стратегија навистина може да направи чудеса. Емоционалните и психолошките фактори влијаат врз желбата на една личност за секс и честопати се показател за проблеми надвор од животот во спалната соба. Важно е да комуницирате со вашиот партнер така што негативните емоции да не навлегуваат во вашиот сексуален живот.
Зборувањето за вашите чувства и грижи ќе му овозможи на партнерот да разбере како се чувствувате и да се отпуштите, па дури и да ја зацврстите вашата врска.
Но, што ако животот стане динамичен? Одвојувајќи малку време за секс не само што ќе ви помогне во вашата врска, но исто така и на вашето тело. Ако ви е тешко да гнајдете време, обидете се да намерно да планирате извесно време за секс – дури и ако на почетокот се чини дека го правите тоа со сила, тоа има ефект, и на крајот ќе се случи природно.
Ако имате проблеми со комуникацијата со партнерот, да побарате помош од сексолог или семеен терапев може да биде вистинското решение за вас. Овие терапевти, исто така, нудат советување за парови, што може да ви помогне како на вас, така и на вашиот партнер да разговарате за вашите проблеми, како во спалната соба така и надвор од неа.
ОТКРИЈТЕ ЈА ХРАНАТА АФРОДИЗИЈАК
Според истражувањето, храната може да го зголеми или намали вашето либидо. Иако чоколадото не влијае директно на вашата сексуална желба, овој вкусен деликатес го стимулира ослободувањето на фенилетиламин и серотонин во вашето тело. Овие соединенија произведуваат афродизијак, и ве тераат да се чувствувате добро, што пак влијае на вашата сексуална желба. Чоколадото содржи исто така голема количина шеќер, така што ако ви треба малку повеќе енергија, ова можеби е секси храната за вас.
Дињата е друга храна која може да ви ги крева духовите благодарение на цитрулинот. Цитрулинот е небазна аминокиселина која ги релаксира и проширува крвните садови исто како Виаграта и други лекови што се користат за лекување на еректилната дисфункција.
Други примери на храна со афродизијак вклучуваат остриги, јагоди, лути пиперки и многу други. ви ги препорачуваме ако сакате да бидете палави.
ФИЗИЧКИ ВЕЖБИ
Физичкото вежбање не само што ви помага да останете во форма, туку исто така влијае на вашиот сексуален живот. Одржувањето на форма исто така ви помага да се чувствувате добро во вашата кожа, ја зголемува циркулацијата на крвта, го детоксифицира вашето тело и ги стимулира невротрансмитерите на доброто расположение, хормоните и ендорфините (ова вклучува серотонин, адреналин, тестостерон).
Физичката активност ги зајакнува вашите мускули, ја зголемува вашата сила, издржливост и циркулација на крвта, што може да доведе до појак оргазам, посилна ерекција и целосно да го подобри вашиот сексуален живот.
Без оглед какви вежби вежбате, само започнете, излезете надвор и раздвижете се!
КОНТРОЛА НА СТРЕСОТ
Според лекарите, стресот е силен фактор за намалување на либидото. Тешката вознемиреност често пречи на нормалната сексуална функција и го потиснува либидото како кај мажите така и кај жените. Не е задолжително оваа вознемиреност да се создава во спалната соба.
Според изданието Medical News Today луѓето со исцрпувачки работен распоред, одговорности или други работи што предизвикуваат стрес во нивните животи, честопати се чувствуваат уморни, што пак влијае на нивната сексуална желба. И кај мажите, високиот степен на стрес дури може да го отежне одржувањето на ерекцијата.
Обидете се да го подобрите вашето ментално здравје и да го намалите непотребниот стрес со здрава исхрана, да одвоите време за физичка активност, да ја подобрите вашата врска со партнерот, па дури и да се консултирате со терапевт за сите главни прашања што можат да бидат причина за вашите проблеми.
ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НАЧИН НА КОНТРОЛА НА РАЃАЊЕ
Секое хормонско контрацепционо дејство, како што е пилула, лепенка или имплантант, може да имаат позитивно или негативно влијание лијае на вашата сексуална желба. Често овие синтетички хормони го намалуваат вашето либидо. Ако имате ниско либидо, добро да размислите дали неодамна сте го замениле вашиот метод на контрацепција, за да разберете дали тоа може да биде причината.
Можете исто така да направите истражување, има многу написи на Интернет, заедници и блогови кои зборуваат за ефектите од средствата за контрацепција па дури и укажуваат на конкретни брендови и методи. Ако продолжите да имате тешкотии во утврдувањето на причината за промените во вашата сексуална желба, разговарајте со специјалист. Вистинскиот лекар може да ви помогне да ги пронајдете вистинските средства за контрацепција кои се ефикасни за вас, без да влијаат на други делови од вашиот живот.
ХОРМОНСКА ТЕРАПИЈА
Според изданието Medical News Today, лекарите често препишуваат лекови со естроген за жени со ниско либидо кои се доближуваат до периодот на менопауза или поради други хормонални причини.
Овие третмани вклучуваат системска терапија со естроген – овај лек го зголемува нивото на естроген во целото тело, што може да помогне при ниско либидо. Други вклучуваат локално лекување со естроген, кој може да биде во форма на крем или дури и вагинален прстен. Тие можат да ја намалат сувоста и да помогнат за подобро сексуално искуство.
Исто така, постои хормонска терапија за мажите, како што е терапија за замена на тестостерон.
Дали ќе каснете една или две остриги или сметате дека физичката активност ја тера вашата крв да врие, важно е да запомните дека не постои универзално решение за сексуална желба. Различните луѓе имаат потреба од различна приоди за да го подобрат или стимулираат своето либидо. Ако имате здравствени проблеми или ви треба дополнителна помош, контактирајте лекар.