Со пубертетот доаѓа и првото соочување со зрелоста и свесноста за сопствената сексуалност. Тоа е неверојатно важен дел од растот и развојот на една индивидуа и бара вниматено насочување за да личноста развие здрава врска со сопствената сексуалност.
Сексуалното образование опфаќа широк спектар на теми како што се анатомија, репродуктивно здравје, согласност, контрацепција, изглед на телото, сексуална ориентација, автономија на телото и модели на здрави односи. Во основа, сексуалното образование ги учи поединците за нивната анатомија, репродукција и резултатите од незаштитен секс. Опфаќа теми како заштита од несакана бременост и сексуално преносливи инфекции (СПИ), како и како да се постапува во случај на дијагностицирани СПИ. Но, ова е само почетна точка.
Сексуалното образование е задолжително и треба да биде достапно за поединци од сите возрасти, почнувајќи од адолесценцијата и продолжувајќи се до зрелоста. Оние кои не добиле сексуално образование веројатно ќе се соочат со негативни искуства, зпри првиот сексуален однос, зголемен ризик за несакана бременост, СПИ и сексуалено вознемирување и/или напад.
Успешно имплементирано сексуално образование добринесува за бројни општествени придобивки:
- Се намалува стапката на непланирани бремености преку едукација за различните форми и методи на контрацепција кои се достапни на пазарот,
- Спречување на ширење на сексуално преносливи инфекции како што се кламидија, гонореја, сифилис, ХПВ и ХИВ и советува против сексуално ризично однесување,
- Обезбедува информации за поединецот за подобро да ја разбере својата анатомија и обезбедува практични совети за тоа како еден поединец да се грижи за сопственото сексуално здравје,
- Ги подобрува вештините за комуникација и одлучување и создава шаблон за безбедна, грижлива и здрава романтична врска,
- Промовира согласност и спречува сексуален напад,
- Допринесува да се расчисти стигмата околу сексуалноста и го намалува срамот, кој е поврзан со подобрување на менталното здравје, сликата за телото и самодовербата.
Како Surecheck придонесува за сексуално образование
Surecheck соработува со локални социјални организации во Романија, Бугарија, Македонија и Албанија за да ги поддржи нивните активности и да го направи сексуалното образование полесно достапно.
Бугарија, слично како и нејзините соседи во Источна Европа, не обезбедува сексуално образование во училиштата како задолжителен...
Албанија направи значителен напредок по воведувањето на предмети за здравје и сексуалното образование во својот образовен систем од 1995 година...
Во Романија, сексуалното образование сè уште е изборен предмет во училиштата. И покрај кампањата во текот на две години...
На сличен начин како и нејзините источноевропски соседи, Северна Македонија заостанува кога станува збор за сексуалното образование...