Барате совети и трикови, аргументи за и против или некои други интересни факти? Тука сме да го споделиме нашето знаење со вас. Ќе зборуваме за животот, љубовта и бременоста. Од едукативни информации за бременоста и вешто решавање на некои родителски маки, секој може да најде нешто за себе.
"Женските пријателства се многу различни од машките. И тие се исклучително важни за нашето здравје." Овие зборови ги изговори иконската актерка Џејн Фонда во емисијата "CBS Sunday Morning"."Мажите често стојат рамо до рамо, гледајќи спорт, автомобили или жени, додека жените седат лице в лице, око во око, и велат: 'Имам проблем, ми требаш, можеш ли да ми помогнеш?' Ние не сеплашиме да бидеме ранливи." https://youtu.be/WW0OxToTPC8?si=px0MTGWRgajNBkGW И токму тука лежи нешто многу подлабоко од обичното "пријателство". Тоа е просторот каде што можете да си дозволите да бидете автентични. Без улоги и без маски. Кога ќе почувствувате декаличноста спроти вас е автентична, егото исчезнува. Веќе нема потреба да се претставувате посилни отколку што се чувствувате. Не се работи само за разговори Женското пријателство не е само долги муабети за шминка додека пиете кафе или коктел-вечери до 4 часот наутро (иако, понекогаш тоа е совршен додаток). Тоа е вид на однос каде што "Како си?" нее само рутинско, задолжително прашање кога ќе налетате на познаник. Тоа всушност значи "Кажи ми што навистина се случува со тебе". Тоа е личноста на која ѝ пишуваш во 3 часот наутро затоа штоне можеш да заспиеш од размислување. Личноста која нема да ти даде клише "ќе биде добро", туку ќе ти ја каже вистината дури и кога е непријатна. И ќе останат покрај тебе, без разлика низ штопоминуваш. Во свет каде што сè се случува брзо и е премногу површно, овие врски се реткост. И токму затоа се толку скапоцени. Ранивоста не е слабост, туку филтер Да се каже "Не сум добро" не е лесно. Особено кога сте навикнати да се справувате сами, а вашето его понекогаш зборува пред вас, без да сакате. Но, женските пријателства постојат токму порадиоваа причина. Тие ви овозможуваат да ги спуштите сите одбрани. Кога сте ранливи со вистинската личност, не ја губите контролата. Напротив, ја враќате. Бидејќи повеќе не го носите целиот товар сами. И токму тука се случува нешто навистина важно. Почнувате да ги разликувате луѓето кои се навистина "ваши". Не оние со кои едноставно си поминувате убаво, туку оние кои остануваат покрај вас когане сте во најдобрата состојба. Не секое пријателство трае вечно и тоа е нормално Една од најголемите заблуди е дека ако едно пријателство заврши, тоа значи дека не било вистинско. Луѓето се менуваат. Се менуваат и приоритетите. Постојат пријателства кои се совршени за одредена фаза од вашиот живот: училишните денови, факултетот, вашата прва работа. Потоа има и такви што траат. И ако имате среќа, траат цел живот.…
Некаде помеѓу таа прва утринска кафе на сонце и радоста од новата маица без ракави,…
Што всушност значи зборот „подготвен“? Во кој било аспект од животот. Дали некогаш можеш да бидеш целосно подготвен за испит кога не ги знаеш сите прашања однапред? Или за натпревар кога немаш поим за што се способни твоите противници? На што навистина се сведува „подготвен сум“? Можеби значи „верувам во своите способности и дека ќе се снајдам“, или пак „знам дека морам да го направам ова и неуспехот не е опција“. Различно е, нели? Во едниот случај имаш сон - знаеш каде сакаш да стигнеш и напорно работиш за да го постигнеш. Во другиот, исто така вложуваш труд, но постојано се прашуваш: „Дали ова навистина го сакам јас, или е туѓо очекување?“ Секако, започнувањето семејство не може да се спореди со натпревар или испит. Но поврзаноста со надворешните очекувања постои и тука. Кога навистина си подготвен - и кога некој друг се обидува да те убеди дека си? . Митот за “перфектниот момент” . Од мали нè учат дека постои вистинско време за сè -…
Седиш на каучот, косата ти е расфрлана, телефонот ти е некаде меѓу перниците, и мисла ти се врти во глава – дека некаде, некој друг живее поинтересен живот од твојот. Во овој момент, една личност…
Дали знаеш колку работи можат да се случат само за три минути? Толку време ти треба да го направиш омиленото кафе или да облечеш три различни комбинации пред огледало и пак да кажеш „немам што да облечам.“ Тоа е тој краток момент кога се двоумиш дали да му одговориш на поранешното момче... и потоа жалиш цели три месеци. Но, постои и друг вид три минути во кои сè се менува. Три минути во кои се спојуваат стравовите, надежите и соништата на една жена. Кога целиот твој универзум се превртува и животот зема неочекуван остар свиок. Тие моменти кога држиш мал тест во рака и исчекувањето те доведува до лудило. Секундите изгледаат бескрајни, а секое отчукување на срцето звучи како тапан во ушите. Без разлика колку си организирана и подготвена, колку и да си сигурна во себе и добро испланирана за секоја ситуација, во тој момент контролата исчезнува. Како целиот свет да притиснал „пауза“. . Три минути што изгледаат како вечност . . Без разлика дали си во удобното купатило на твојот стан или заклучена во тоалетот на работа. Тие три минути секогаш изгледаат подолги од било кое предавање на факултет или најдосадниот состанок на работа. Се чувствуваш како да си паднала во паралелен свет каде секундите ползат бавно, а мислите ти трчаат со милион километри на час. Различни сценарија почнуваат да се вртат во твојата глава, како трејлери за акциони филмови. Во едно сценарио, веќе се замислуваш себеси како држиш мало бебе во раце. Во друго, планираш патување во Бали затоа што животот е тука и сега, мораш да ја искористиш слободата додека ја имаш. Во третото сценарио, едноставно се обидуваш да се сетиш да дишеш... бавно и длабоко. Тоа се моменти кога стануваш сценарист, режисер и главна актерка во сопствената животна драма. . Поддршката што ти е потребна …
Колку е прерано и кој воопшто брои? Добредојдовте во ерата на брзите врски и уште…
Како жените дознавале дека се бремени во Стариот Египет? Замислете го следново: се будите, градите…
Дојде време кога ќе сфатите дека вашиот живот не е Excel табела. Без разлика колку…
Ако сексот е игра, задоволството е трофејот. Но, дали секогаш знаете кој го држи златниот…
Замислете ја следнава ситуација: Стоите пред огледалото, гледате во својот одраз и наместо да се…