КАТЕГОРИИ

ИН ВИТРО ФЕРTИЛИЗАЦИЈА (ИВФ):

Што значи и кога е неопходно? Секој знае од каде доаѓаат бебињата… или? Во денешно време, технологијата и медицината можат да помогнат во репродукцијата за која не е потребна сексуална интеракција. Ова е особено корисно за луѓето во истополови односи, оние кои се обидуваат да забременат природно, самохрани жени кои сакаат да забременат без партнер и многу други – под услов на одржливи јајце клетки и сперматозоиди. Но во денешно време и тие можат да бидат донирани! Но, што значи ИВФ ВСУШНОСТ? Дали има ризици? И кога е потребно? Ќе ве запознаеме во позитивните и негативните страни на ИВФ.

ШТО Е ИВФ?

ИВФ ( In Vitro Vertilization). In Vitro е латински термин со значење „In Glass“ и се однесува на стаклените цевки за тестирање кои се користат во лабораториите на почетокот на третманите со ИВФ. Оплодувањето е процес кога сперматозоидите и јајце клетките се соединуваат за да формираат зигот. ИВФ е форма на асистирана технологија за репродукција (АРТ) со која лекарите ја користат медицината, технологијата, како и машки и женски клетки за да предизвикаат бременост.

ПРОЦЕС НА ИВФ

Првиот чекор на ИВФ е земање терапија која допринесува вашите јајце клетки да созреат и бидат подготвени за оплодување. Потоа, лекарот ги вади јајце клетките од вашето тело и во лабораторија ги вбризгува сперматозоидите. Ако се случи оплодување, лекарот потоа ќе стави една или повеќе оплодени јајца клетки (сега ембриони) директно во матката. Сепак, за бременост се смета само ако ембрионот се имплантира во постелката на матката каде што потоа ќе се развива. ИВФ има и многу други чекори, а целиот процес трае неколку месеци.

ПРЕДНОСТИ НА ИВФ

Има многу придобивки од ИВФ – најголемата е да добиете бебе, се разбира! На паровите кои не се во можност да забременат природно, им се дава шанса да го оформат своето семејство, благодарение на медицината и технологијата.

Стапка на успешност
Технологијата, исто така, придонесе и за зголемена стапка на успешност во постапката. Според Science Daily, над 8 милиони деца биле зачнати преку ИВФ процедури од неговото пронаоѓање во 1978 година.

Насочена помош
Современата технологија, исто така, дозволи процедурата да се фокусира на специфичниот проблем или ситуација кај двојката, што им дава поголема шанса за забременнувањe.
Помага при оплодување и покрај одредени медицински состојби.
Третманот со ИВФ им помага на жените со блокирани јајцеводи. Но, тоа исто така им помага на неплодните мажи со проблеми како што се бавно движење на сперматозоидите, компромитирани сперматозоиди или абнормално обликувани сперматозоиди.
Дополнително, може да се преселектираат ембриони за да се избегнат одредени заболувања и заболувања кај парови за кои е познато дека се со висок ризик, што се нарекува генетска дијагностика пред-имплантација (PGD) или Компаративна геномска хибридизација (CGH).

РИЗИЦИ

Иако ИВФ ги зголемува шансите за зачнување, не е совршена. Без оглед колку и да стојат добро работите, лекарите не можат да гарантираат бременост.

Некои од ризиците вклучуваат:

Не оплодување
Бременоста зависи од тоа дали јајце клетката и сперматозоидот да ќе спојат – понекогаш тоа не се случува за време на третманот. Сепак, ова е ретко и може да се должи на слабиот квалитет на јајце клетката или сперматозоидите.

Нема имплантација
Сепак кога и двете клетки ќе се спојат, постои ризик дека ембрионот (кој се состои од двете клетки) не се прилепува на матката. Значи, бременоста не се случува, што е доста честа појава.

Близнаци, тројки… и уште повеќе!
ИВФ ги зголемува вашите шанси да имате повеќе бебиња затоа што некои лекари вметнуваат повеќе од еден оплоден ембрион кај жените за да ги зголемат шансите за забременување и со тоа ги зголемуваат ги шансите да имате повеќе бебиња.
Иако ова звучи како сон за паровите кои не успеале да забременат по природен пат, повеќе бебиња може да има одреден ризик по вашето здравјето и здравјето на бебињата.

Стрес
Иако ИВФ може да помогне во остварување на вашите цели, сепак може и да го зголеми вашиот стрес. За жал, овие постапки можат физички и емотивно да ве исцрпат.
Самиот факт што овие процедури во моментов се прилично скапи не само што ве оптеретува финансиски, туку ја оптеретува и вашата психа.
Забележете дека има и други ризици од ИВФ, па ве молиме кога размислувате за какви било сериозни процедури разговарајте со вашиот лекар.

КОГА НЕ Е ИВФ НОПХОДНА?

Лекарите препорачуваат природно зачнување; сепак, кога тоа не е можно – тогаш ИВФ може да биде најдоброто решение за вас. Многу луѓе ја пробале оваа постапка, но ова се најчестите случаи:

Блокирани или оштетени фалопиеви туби
Потешкотии при движење на оплодената јајце клетка во блокадите во матката. Во овој случај, ако е изводливо вашиот лекар најверојатно ќе препорача ИВФ.

Намален број на сперматозоиди или ниска подвижност на сперматозоидите.
Причината поради која хетеросексуалните парови се борат со зачнувањето понекогаш се должи на малиот број на сперматозоиди или подвижноста на спермата. Ова може да се подобри со третман на хормони, здрави навики на живот или постапки на ИВФ.

Репродуктивни проблеми поврзани со жената
Нарушувања на овулацијата, предвремено откажување на функцијата на јајниците, фиброиди на матката и други проблеми со репродукција кај жената може да го инхибираат зачнувањето. Во овие случаи, вашиот лекар може да препорача третмани со ИВФ во зависност од вашата состојба.

Самохрани жени и истополови парови
ИВФ ја прави бременоста можна без машки партнер. Жната може да избере донатор и да ги оплоди своите јајце клетки со сперматозоидите на донаторот.
Ова е исто така корисно во истополови односи каде партнерот нема живи сперматозоиди. Честопати, јајце клетките се извлечени од еден партнер и се оплодуваат од клетките на донаторот на сперматозоидите. Оплодените ембриони потоа се префрлаат во матката на другиот лезбејски партнер како сурогат со што се вклучени и двајцата партнери.

Парови со генетски услови
Ако се знае дека паровите се и носител на одредени заболувања и состојби, тогаш се препорачува генетска дијагноза пред-имплантација. Ова е дијагноза на какви било генетски или хромозомски измени кај ембрионот што постои пред имплантацијата. Пред-имплантација генетската дијагностика помага да се осигурате дека сите деца последователно родени преку ИВФ се раѓаат без наведено наследно заболување или состојба.

Зачувување на јајце клетки
Постојат одредени случаи кога жените би сакале да ги зачуваат своите јајце клетки. Овие жени понекогаш минуваат низ состојби кој влијаат на плодноста како што се сериозни третмани на карцином и многу други. Подоцна, овие јајце клетки можат да бидат оплодени и уште еднаш да се вметнат во матката.

Постојат многу други случаи кога ИВФ може да биде одговорот за вас. Меѓутоа, ако сакате да забремените, препорачуваме прво да се обидете по природен пат пред да започнете со сериозни третмани и процедури. Консултирајте се со вашиот лекар за да дознаете повеќе.
Дали сте заинтересирани да научите за научниот процес зад овој природен феномен што е бременост? Погледнете го нашиот блог за различните процеси што се случуваат за време на бременоста овде.

Share