Бременоста е едно од чудата што се случуваат во нашиот живот. Но, бидејќи вашето тело се менува и станува совршено опкружување за вашето бебе, може да се појават некои непријатни симптоми. Просечното времетраење на бременоста е 40 недели, почнувајќи од првиот ден од задоцнетиот циклус што недостасува до раѓањето на вашето бебе. Овие 40 недели се поделени во три фази: први, втори и трети триместар.
Ние ќе ве запознаеме со она што се случува со вашето тело и развојот на вашето бебе во текот на овие триместари.
СПЕРМАТОЗОИДОТ НАВЛЕГУВА ВО ЈАЈЦЕ КЛЕТКАТА: ЗАЧНУВАЊЕ
Овулацијата се јавува околу две недели по вашиот циклус. Ова е моментот кога вашите јајници ослободуваат зрела јајце клетка. За да настане бременост, јајце клетката мора да се оплоди помеѓу 12-24 часа по нејзиното одделување. Ова се случува кога таа се движи низ фалопиевата туба кон матката.
После спојувањето на сперматозоидот со јајце клетката, се јавува таканаречено оплодување или зачнување. Потоа се потребни три до четири дена за оплодената јајце клетка да ја напушти тубата и да влезе во матката. Таму таа се прицврстува за внатрешните ѕидови на матката.
ПРВ ТРИМЕСТАР (1-ВА ДО 12-ТА НЕДЕЛА)
Во текот на оваа фаза, вашето тело претрпува многу промени. Ова започнува со развој на амнионската кесичка и плацентата. Во овој период, растот на вашето бебе е исто така брз. Според истражувањето на Cleveland Clinic, фетусот започнува да развива мозок, ‘рбет и сè до малите прсти на рацете и нозете..
На крајот на првиот триместар, фетусот обично е на 12 недели, долг 5,33 сантиметри и тежи околу 14 грама. Може да се појават некои несакани ефекти во текот на овој триместар. Овие симптоми вклучуваат гадење, повраќање, надуеност на градите, зависност од одреден вид на храна, чести промени во расположението, запек, главоболки, киселини во желудникот и промени во тежината. Важно е да се обележи дека иако овие се вообичаени симптоми на бременост, тие се јавуваат различно кај секоја идна мајка.
И иако овие симптоми се сметаат за нормални, исклучително е важно да не ги потценувате во текот на овој важен период од вашата бременост. Бидејќи повеќето спонтани абортуси, како и вродените дефекти настануваат во текот на овој триместар, препорачуваме да се консултирате со специјалист и да разговарате со други мајки за вашите симптоми.
ВТОР ТРИМЕСТАР (13-ТА ДО 28-ТА НЕДЕЛА)
Во текот на вториот триместар, вашето бебе значително нараснува – станува помеѓу 33 – 40 сантиметри и со тежина околу 900 – 1360 грама. А помеѓу 18-та и 22-та недела, полот на бебето може да одредите со ултразвук.
Обично околу 18-та недела од бременоста се развиваат ноктите на прстите, веѓите, трепките на вашето бебе и на кожата има појава на брчки. Според истражувањето на ACOG органите на бебето започнуваат да функционираат – бубрезите дури можат да произведат урина. Неверојатно, но факт е дека вашето бебе веќе може да голта и да слуша. До 21-та недела фетусот ќе стане поактивен и ќе можете да почувствувате како бебето се движи. Но, не грижете се кога вашето бебе ќе започне да клоца, во оваа фаза тоа исто така има и моменти кога спие, така да тогаш ќе имате малку мир . Во текот на вториот триместар на вашето бебе започнуваат да му растат нежни влакненца на главата (т.н. лануго) и се формира заштитен слој сличен на восок (т.н. вермикс). Овој слој ја штити многу нежната кожа на бебето, бидејќи таа е сè уште е многу тенка и неразвиена во оваа фаза. До 26-та недела органите на бебето се развиваат побрзо, очите се отвораат и мозокот се развива.
Многу луѓе го наоѓаат вториот триместар полесен од првиот, бидејќи некои симптоми, како што се гадење и замор, може да исчезнат во оваа фаза. Затоа овој триместар се нарекува „златен период“. Дури да се појават разни симптоми, како што се болки во грбот, болки во стомакот, грчеви во нозете, запек и киселини во желудникот, тие не се толку тешки како оние во првиот триместар. Пред се ќе се случат промени во вашето тело, како што е проширен абдомен бидејќи вашето бебе расте.
ТРЕТ ТРИМЕСТАР (29-ТА ДО 40-ТА НЕДЕЛА)
Ова е веројатно најтешкиот период од бременоста. Но, не грижете се, ова е последното напнување (сосема буквално). За време на овој триместар, вашето бебе ќе се движи помалку отколку во претходните триместари поради тесниот простор. Ова исто така може да значи тешки клоци од време на време и грчење во цревата. Коските, кожата, дигестивниот систем и мозокот брзо се развиваат. Вашето бебе исто така ќе може да перципира светлина, да чувствува вкус, па дури и да сонува. Позицијата на бебето ќе се промени и тоа ќе се спушти во карлицата во подготовка за раѓање. Бебето обично е превртено со главата надолу и свртено со лице кон породилниот канал.
Може да страдате од недостиг на здив, да се јават хемороиди, неволно мокрење, проширени вени и проблеми со спиењето. Овие симптоми главно се должат на проширување на матката, како и зголемувањето на телесната тежина на бебето, кое ги притиска вашите органи.
Совети на Surecheck: Ако забележите ненадејно или прекумерно отекување или зголемување на телесната тежина и висок крвен притисок, веднаш контактирајте го вашиот лекар. Ова може да биде индикација за посериозни здравствени проблеми, како што е прееклампсија.
КаБидејчи вашиот термин наближува, грлото на матката станува потенка и помека. Овој процес се нарекува мазнење на грлото на матката и му помага на каналот за раѓање да се отвори за време на раѓањето – го подготвува вашето тело за раѓањето на вашето бебе. Вашиот лекар ќе направи вагинален преглед за да го утврди развојот на вашата бременост како што се приближува вашиот термин. Држете го здивот! Почнува последното обратно одбројување!
ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ БРЕМЕНИ?
Ако вашиот циклус задоцнува или забележувате невообичаени промени во вашето тело, направете тест за бременост што е можно поскоро. Раното откривање на бременоста ви овозможува да донесете информирана одлука за вашето тело и иднина. Ви препорачуваме да користите тест за бременост што работи со хуман хорионски гонадотропин (hCG) Surecheck. Оваа технологија може да открие бременост од вашиот прв задоцнет циклус.
Ако одлучите да продолжите со бременоста, ќе треба да го преиспитате вашиот режим на исхрана, штетните навики (како што се пиење и пушење). Размислите да ги земате потребните додатоци на храна за вашето здравје и здравјето на вашето бебе. Разговарајте со вашиот лекар за овој процес, така што ќе ја добиете максималната помош што ви треба.