УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Оваа страница („Страница“) ви е обезбедена од ЈуниКомс Швајцарија ГмбХ („ЈуниКомс“), Bahnhofplatz, 6300 Zug, Switzerland.
Следниве Услови на употреба го регулираат вашиот пристап и користење на оваа Страница. Конкретните услови може да се применуваат исто така за конкретна содржина, податоци, материјали или информација, содржани или обезбедени преку оваа Страница („Содржина“) и за конкретна содржина, податоци, слики, материјали или информација што може да ги качите, обезбедите и/или објавувате на Страницата („Корисничка содржина“) или зделки склучени преку оваа Страница. Овие специфични услови можат да бидат во дополнување на овие Услови на употреба или, само кога и до кој степен тоа е експлицитно наведено, може да ги заменат овие Услови на употреба.
ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА
Со пристапување или користење на оваа страница, вие се согласувате дека сте законски обврзани со Условите на употреба и сите општи услови содржани или споменати овде или секакви дополнителни услови наведени на оваа Страница. Ако НЕ се согласувате со сите овие услови, НЕ мора да пристапите во оваа страница или да ја користите.
ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Овие Услови на употреба може да бидат изменети од страна на ЈуниКомс во секое време. Соодветните изменети Услови на употреба влегуваат во сила по нивното објавување. Продолжувајќи да пристапувате во Страницата или да ја користите по ваквото објавување, ќе се смета дека сте ги прифатиле овие измени. Ве советуваме редовно да ги прегледувате сите важечки рокови и услови.
ЈуниКомс го задржува правото да ја суспендира или да изврши измени или ажурирања на Страницата или содржината на Страницата во кое било време без најава. ЈуниКомс го задржува правото во кое било време веднаш да го ограничи, одбие или прекине пристапот на кое било лице до Страницата без претходна најава, независно од која било причина и во своја дискреција.
ПОЛИТИКА ЗА ДОВЕРЛИВОСТ
Личните информации обезбедени или собрани преку или во врска со оваа Страница се користат само во согласност со нашата Политика за доверливост, при што овие Услови на употреба, исто така, подлежат на Политика за доверливост објавена на оваа страница.
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
СИТЕ ИНФОРМАЦИИ (ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА, ТЕКСТОВИ, СЛИКИ, ГРАФИКИ, ЛИНКОВИ И ДРУГИ МАТЕРИЈАЛИ) НА СТРАНИЦАТА СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ „КАКО ШТО Е“ И „КАКО ШТО Е ДОСТАПНА“. ЈУНИКОМС И НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, ФИЛИЈАЛИ, ПОВРЗАНИ ДРУШТВА ПАРТНЕРИ, ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦИ, ПРИМАЧИ НА ЛИЦЕНЦИ ЗА ТРГОВСКИ МАРКИ И ДОБАВУВАЧИ, СО ТОА СЕ ОДРЕКУВААТ ОД ОДГОВОРНОСТ, ДО СТЕПЕНОТ ДОЗВОЛЕН СО ЗАКОН, ОД ДЕКЛАРАЦИИ ИЛИ ГАРАНЦИИ ОД КОЈ БИЛО ВИД, ДИРЕКТНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ГАРАНЦИИ ЗА ТРГОВСКИ КВАЛИТЕТИ, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА, НЕПОВРЕДА ИЛИ ВО ВРСКА СО РАБОТАТА НА ОВАА СТРАНИЦА, СОДРЖИНА ИЛИ КОРИСНИЧКА СОДРЖИНА.
Ова е јавна страница. Не давајте доверливи информации овде.
ЈуниКомс и неговите подружници, филијали, поврзани друштва, партнери, даватели на лиценци, примачи на лиценци за трговски марки и добавувачи не се одговорни за прекини или пропусти во Интернет, мрежни или хостинг услуги и не гарантираат дека Страницата или услугите што ја прават оваа страница достапна или електронските комуникации испратени од ЈуниКомс не содржат вируси или други штетни елементи.
Сите материјали преземени или на друг начин добиени преку употреба на оваа страница се на ваша проценка и ризик. Вие сте самостојно одговорни за какво било оштетување на вашиот компјутерски систем или загуба на податоци како резултат на преземање на секаков таков материјал.
ОВАА СТРАНИЦА И ИНФОРМАЦИИТЕ ДАДЕНИ НА НЕА НЕ ЈА ЗАМЕНУВААТ МЕДИЦИНСКАТА КОНСУЛТАЦИЈА ОД МЕДИЦИНСКИ СПЕЦИЈАЛИСТ. НЕ КОРИСТЕТЕ ЈА ОВАА СТРАНИЦА И ИНФОРМАЦИИТЕ ДАДЕНИ НА НЕА ЗА САМО-ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ И/ИЛИ САМО-ЛЕКУВАЊЕ. СЕКОГАШ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ЗА КАКВИ БИЛО ЗДРАВСТВЕНИ ИЛИ МЕДИЦИНСКИ ПРОБЛЕМИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ ИМАТЕ. СЕКОЈА ИНФОРМАЦИЈА ПОВРЗАНА СО ЗДРАВЈЕТО, ДАДЕНА НА ОВАА СТРАНИЦА Е САМО ЗА ИНФОРМАТИВНИ ЦЕЛИ И НЕ ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ ВО ЗАМЕНА ЗА КОНСУЛТАЦИЈАТА ДАДЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНИОТ СПЕЦИЈАЛИСТ. ПОВИКУВАЊЕТО НА ИНФОРМАЦИЈА, СОДРЖАНА НА ОВАА СТРАНИЦА Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК.
СОРАБОТНИК И КОРИСНИЧКА СОДРЖИНА
Со објавување на Корисничката содржина на Страницата, вклучително слики и лични приказни, вие се согласувате дека материјалот е соодветен, конструктивен и релевантен и не содржи ништо што може да се смета за незаконско или на друг начин несоодветно за објавување, вклучувајќи, но не само, елементи што (1) може да бидат клевети или штетни за вас или друго лице или организација, (2) може да предизвикаат штета на некое лице или имот, или на друг начин да клеветат или малтретираат некое лице. или организација, (3) може да прекршат одредени законски права на некое лице (вклучително и право на приватност на личниот живот или публицитет), (4) кои се порнографски, нецензорирани, непристојни, вулгарни, некултурни или заканувачки, (5) културно, етнички, или на друг начин провокациски или (6) нудат или поттикнуваат на незаконска активност.
Вие потврдувате, декларирате и гарантирате дека Корисничката содржината вклучително фотографии и приказни дадени на Страницата, не крши никакви права на сопственост на друго лице, вклучително, но не само на авторско право, трговска марка, дизајн, други права на интелектуална сопственост или патент, или каква било обврска за доверливост.
Вие потврдувате и се согласувате дека која било ваша идеја, публикации, дискусии или друга Корисничка содржина, обезбедена од вас на страницата, која не подлежи на заштита на правата од интелектуална сопственост, може да ја користи кој било друг сотрудник без плаќање или упатување.
Со ова, вие доделувате на ЈуниКомс, нејзините подружници, филијали, поврзани друштва, примачи на лиценци за трговски марки и други партнери ширум светот, неотповиклива, бесплатна, неексклузивна, што подлежи на суб – лицензирање и преносливи лиценци да употребува, репродуцира, изготвува деривативни дела, дистрибуира, јавно да презентира, јавно прикажува, емитува и објавува Корисничката содржина, вклучително и фотографии и лични приказни дадени од вас на оваа страница и на други социјални медиуми или во други материјали за маркетинг, рекламирање и односи со јавноста на ЈуниКомс на кој било начин и во секој и сите средства за масовна информација.
Вие сте самостојно одговорни за вашата сопствена Корисничка содржина,вклучувајќи фотографии и лични приказни и последиците од нивното поставување, испраќање и/или објавување. ЈуниКомс може, но не е должен да ја разгледа и следи содржината на корисникот пред и/или по поднесувањето. Сепак, вие изјавувате дека е невозможно за нас да ја следиме или гледаме целата корисничка содржина. Без ограничување, ЈуниКомс, неговите подружници, филијали, поврзани друштва, партнери, даватели на лиценци, примачи на лиценци на трговска марка и снабдувачи нема и не можат да бидат одговорни за точноста, целината, квалитетот или валидноста на Корисничката содржина објавена од трети страни на Страницата.
ЈуниКомс не ја поддржува Корисничката содржина ниту мислењето, препораката или советот изразени во нив и ЈуниКомс експлицитно ја отфрла секоја одговорност во однос на употребливата содржина, вклучително и фотографии и лични приказни.
ЈуниКомс има единствено право и можност да уредува и/или отстранува слики, пораки, приказни или која било друга Корисничка содржина во кое било време што е несоодветна, неточна или на друг начин ги прекршува овие Услови на употреба од која било причина. без најава или согласност и само по своја проценка. Секој корисник кој верува дека објавената Корисничка содржина е несоодветна или неточна, се советува веднаш да се поврзе со ЈуниКомс на следната е-пошта: [email protected]. По приемот на таквото известување, ќе ги направиме сите разумни напори да преземеме такво дејствие за што сметаме дека е потребно во разумен временски период. Бидејќи ова е рачен процес, би сакале да ве информираме дека можеби нема да можеме да ги отстраниме или уредуваме конкретните кориснички содржини веднаш.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
ПОД НИКАКВИ ОКОЛНОСТИ ЈУНИКОМС ИЛИ НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, ФИЛИЈАЛИ, ПОВРЗАНИ ДРУШТВА, ПАРТНЕРИ, ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА, ПРИМАЧИ НА ЛИЦЕНЦИ НА ТРГОВСКИ МАРКИ И ДОБАВУВАЧИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА ДИРЕКТНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ, КАЗНИВИ, НАМЕРНИ, ИНЦИДЕНТИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ ВО ВРСКА СО ПРИСТАПОТ, УПОТРЕБАТА ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА ПРИСТАП ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА ОВАА СТРАНИЦА, СОДРЖИНАТА ИЛИ КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ФОТОГРАФИИ И ЛИЧНИ ПРИКАЗНИ, ДУРИ И АКО ЈУНИКОМС Е ИЗВЕСТЕН ЗА ВЕРОЈАТНОСТА ЗА ПОЈАВА НА ТАКВА ШТЕТА, ОСВЕН АКО ТАКВИТЕ ШТЕТИ НАСТАНАЛЕ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ИЗМАМА ИЛИ ПОГРЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ЈУНИКОМС.
Ако живеете во земја или држава каде не е дозволено ниту едно од горенаведените исклучоци или ограничувања на одговорноста или кое било од горенаведените одрекувања од гаранции, овие исклучоци или ограничувања нема да важат за вас, туку само доколку овие исклучоци или ограничувања не се дозволени. Во овој случај, овие исклучоци или ограничувања се ограничуваат на максималниот можен степен дозволен со важечкото законодавство.
СОДРЖИНА НА ТРЕТИ ЛИЦА/СОФТВЕР
ЈуниКомс не носи во никој случај одговорност за содржината на која било страница во сопственост на трета страна која може да биде прикажана или поврзана со Страницата преку хиперврска, без оглед дали таа хиперврска е обезбедена од страна на Страница или од трета страна во согласност со Условите на употреба. Секоја врска од нашата страница со друга страница не претставува одобрување на таа друга страница и не се прави проценка или гаранција за точноста, навременоста или соодветноста на содржината на страницата кон која Страницата може да обезбеди врска, и затоа ние не превземаме никаква одговорност.
АВТОРСКО ПРАВО И ТРГОВСКИ МАРКИ
Авторското право и сите права на интелектуална сопственост и други права на сопственост на Содржината обезбедена од ЈуниКомс, нејзините подружници, филијали, поврзани друштва, партнери, даватели на лиценци, примачи на лиценци на трговски марки и/или други партнери, софтвер за работа и објавување на Страницата, собирањето на податоци на Страницата и редоследот, прописите и уредувањето на оваа страница, сите припаѓаат на групацијата на компании ЈуниКомс и/или на примачите на лиценците на неговата трговска марка, други партнери или даватели на лиценци. Сите права на Содржината што не се изрично споменати овде се задржани.
Surecheck е регистрирана трговска марка на групацијата на компании ЈуниКомс.
Surecheck и сите други регистрирани трговски марки на ЈуниКомс Груп и нејзините подружници и поврзани друштва се важни активи на групацијата компании ЈуниКомс и поврзаните друштва. Правилната употреба на овие трговски марки е важна и мора да ги следите упатствата на ЈуниКомс кога ги упатувате производите и услугите до нашата компанија.
Употребата и регистрацијата на името Surecheck е резервирана исклучиво за нашата групација на компании. Вие не можете да регистрирате или користите име на компанија, трговска марка, правно име, трговско име, име на домен или друго име, референца или опис во која учествува името Surecheck или кое било друго слично на него име или име, кое содржи дел од името Surecheck или вклучува друга регистрирана трговска марка во сопственост на групацијата на компании ЈуниКомс, нејзините подружници и поврзани друштва.
ПРАВА НА СОПСТВЕНОСТ ВРЗ СТРАНИЦАТА
Оваа страница е јавна по својата природа и сите информации дадени за неа се сметаат за недоверливи. Вие потврдувате дека секое давање на пронајдоци вклучени во кое било објавување од вас, Корисничка содржина,претставува „публикација“ на тој пронајдок во согласност со важечкото законодавство за патенти.
Вие потврдувате дека секоја Корисничка содржина објавена и/или дискутирана на Страницата може да биде предмет на патенти, авторски права, трговски марки и други права на интелектуална сопственост на ЈуниКомс, нејзините филијали, поврзани друштва, примачи на лиценци за трговски марки и други партнери или трети страни. Ако имате намера да користите идеи, планови, предлози или решенија или друга Корисничка содржина објавена на страницата, вие сте одговорни за преземање на соодветни чекори за разјаснување на правата од интелектуална сопственост пред да започнете со нивно искористување.
ОБЕШТЕТУВАЊЕ И ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Вие се согласувате да го обесштетите и ослободите од одговорност ЈуниКомс, неговите подружници, филијали, поврзани друштва, примачи на лиценци на трговски марки, други партнери и добавувачи и кој било од нивните соодветни службеници, управители, вработени, содружници, правни застапници, полномошници, наследници и правни наследници против какви било штети, обврски, трошоци и давачки (вклучително разумни направени правни и професионални хонорари и судски трошоци) што можат да произлезат од објавувањето, содржината или пренесување на која било порака, податоци, материјали или друга Корисничка содржина, вклучително фотографии и лични приказни што ги давате на Страницата или било какво прекршување на овие Услови на употреба од ваша страна. Во случај на поплака или правно дејство кое произлегува од порака или друга Корисничка содржина, вклучително фотографии и лични приказни објавени од вас, ЈуниКомс го задржува правото да го открие вашиот идентитет и сите други информации што може да ги има ЈуниКомс за вас.
Во случај на спор помеѓу вас и еден или повеќе корисници, вие го ослободувате ЈуниКомс, неговите подружници, филијали, поврзани друштва, примачи на лиценци на трговски марки, други партнери и добавувачи и кој било од неговите соодветни службеници, управители, вработени, содружници, правни застапници, полномошници, наследници и правни наследници од какви било побарувања, претензии и штети (реални и индиректни) од кој било вид и природа, познати и непознати, кои произлегуваат од или на кој било начин поврзани со такви спорови.
ЗАПИРАЊЕ НА СТРАНИЦАТА
Ние единствено имаме право да ја запреме страницата или кој било дел од неа од која било причина и во кое било време без најава или согласност. Ние не сме одговорни или обврска за неможноста да качуваме, чуваме или бришеме некоја Содржина и/или Корисничка содржина дадена на оваа Страница.
ПРОИЗВОДИ
Страницата може да содржи врски до специфични производи и услуги што може да не бидат достапни (лесно) во одредена земја. Секое такво упатување не значи или гарантира дека овие производи или услуги ќе бидат достапни во секое време во која било одредена земја. За дополнителни информации, контактирајте го локалниот бизнис партнер на ЈуниКомс.
ПРИМЕНЛИВО ЗАКОНОДАВСТВО И РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Овие Услови на употреба ќе се регулираат и толкуваат во согласност со законите на Швајцарија. Примената на Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за меѓународна продажба на стоки (CISG) од 11 април 1980 година се исклучува.
Вие се согласувате со надлежноста на судовите на Швајцарија за какви било спорови, побарувања или основи за почнување на постапка што произлегуваат од или се однесуваат на, или се поврзани со овие Услови на употреба или употреба на оваа Страница, вклучувајќи ги и сите спорови поврзани со постоењето или валидноста на овие Услови на употреба, под услов да се согласите да поднесете какви било спорови, побарувања или основи за покренување на судска постапка исклучиво до судовите на Швајцарија.
НЕЗАВИСНОСТ НА КЛАУЗУЛИТЕ
Ако која било клаузула од овие Услови на употреба се смета за неважечка или неприменлива, тогаш неважечката или неприменлива клаузула треба да се замени со важечка, применлива клаузула што најдобро одговара на целта на првобитната, а преостанатите клаузули остануваат во сила.
БЕЗ ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПРАВО
Непримената од страна на ЈниКомс на кој било дел од овие Услови на употреба нема да претставува откажување од какво било право на ЈуниКомс според овие Услови на употреба, без оглед дали се однесува на минатите или идните активности од страна на кое било лице. Ниту добивањето на какви било средства од ЈуниКомс, ниту упатувањето на кое било лице на активности на ЈуниКомс, нема да се смета за откажување дел од кој било од овие Услови на употреба. Само конкретно, писмено откажување, потпишано од овластен претставник на ЈуниКомс треба да има правна сила.
НАСЛОВИ
Насловите на деловите од Условите на користење се само за погодност и не претставуваат дел од нив, ниту пак влијаат на кој било начин на значењето или толкувањето на Условите на користење.
Ви благодариме што се приклучивте на нашата страница!