Албанија направи значителен напредок по воведувањето на предмети за здравје и сексуалното образование во својот образовен систем од 1995 година, ставајќи ја земјата понапред од другите источноевропски земји. И покрај активното одбивање од конзервативните сегменти на општеството и пречките за соодветно финансирање, Албанија беше генерално успешна во институционализацијата на сеопфатното сексуално образование соодветно на возраста како дел од наставната програма за млади од 10 до 18 години во албанските училишта.
Најголем извор на информации за сексуалното и репродуктивното здравје на младите Албанци е бесплатниот онлајн портал Jotabu. Порталот дава навремени, длабински информации за цел спектар на теми од областа на месечен циклус, бременост па се до сексуално преносливи болести (СПБ) и начин како тие да се превенираат.
Порталот се реализира со помош на „Гласот на младите“ – непрофитно здружение, чија главна мисија е мобилизирање и зајакнување на младите преку едукација, информирање, застапување и услуги за лобирање во областа на образованието, грижата, здравството, и вработување.
Surecheck до сега беше во соработка и финансиски го помогна проектот „„Промоција на безбедно од сексуално и родово базирано насилство платформа кај младите луѓе во Албанија“, што резултираше со три еднодневни работилници наменети за млади од 18-24 години. Работилниците беа организирани и одржани од страна на Албанскиот центар за население и развој во хибриден модел користејќи онлајн и офлајн ресурси.
Вкупно 80 млади луѓе учествуваа на работилниците и беа информирани за нивните права и начинот како да се спречи сексуалното родово насилство. Една од целите на проектот беше да се допре до што повеќе луѓе од различни општествени групи и средини. Она што го направи проектот успешен е што луѓето од руралните области на Проград учествуваа со висок процент на учесници на работилниците.
Модераторот на работилницата во детал ги објасни различните човекови права со акцент на правата на сексуалното и репродуктивното здравје и ги разјасни различните форми на родово базирано насилство и како да се идентификуваат. Овие презентации беа придружени со студии на случај и специјална сесија наменета за мажи.
Бугарија, слично како и нејзините соседи во Источна Европа, не обезбедува сексуално образование во училиштата како задолжителен...
Албанија направи значителен напредок по воведувањето на предмети за здравје и сексуалното образование во својот образовен систем од 1995 година...
Во Романија, сексуалното образование сè уште е изборен предмет во училиштата. И покрај кампањата во текот на две години...
На сличен начин како и нејзините источноевропски соседи, Северна Македонија заостанува кога станува збор за сексуалното образование...