opening photo MK

На сличен начин како и нејзините источноевропски соседи, Северна Македонија заостанува кога станува збор за сексуалното образование. Задолжителното сексуално образование е далеку од реалноста во училиштата низ земјата. Достапноста до овие часови останува делумна и  се до 2025 година, кога изборното сексуално образование ќе биде прерасне во задолќително и ќе биде достапно во сите основни училишта. Досега на овие напори активно се спротивставува Македонската православна црква.

THE WORK OF hera MK

ХЕРА (Здружение за здравствено образование и истражување) е водечка невладина организација во Северна Македонија која работи на полето на ХИВ и сексуалното и репродуктивното здравје и права. Првично, функцијата на ХЕРА е да обезбеди подобрено образование и третман на заболените од ХИВ во Северна Македонија, како и да обезбеди подобра грижа за оние на кои им е дијагностициран ХИВ.

Исто така една од основните вредности на ХЕРА е да се залага за правото на жените на избор и пристап до безбедни услуги за абортус.

Surecheck се обврзува да промовира инклузивно сексуално образование за репродуктивно здравје и права кај младите во Северна Македонија. При соработката на два проекти, Surecheck. во партнерство со ХЕРА на младите и жените им обезбеди практични и едукативни сесииво клиниката за млади Роми „Сакам да знам“.

Едукативните сесии се посебно насочени кон девојчињата и жените Роми (вклучувајќи ги и оние кои работат како сексуални работнички), фокусирајќи се на превенција од бременост и контрацепција.

Обуки за сексуално образование, пак, се нудат на млади од средните училишта во Скопје и клиенти на пунктови за испорака на услуги ХЕРА.

Surecheck ја зголемува видливоста преку присуство на различни онлајн канали. Партнерството е видливо на веб-страницата на ХЕРА и на промотивните објави за обуките и едукативните сесии споделени преку платформите за социјални медиуми на ХЕРА како што се Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

HOW SURECHECK SERVES THE CAUSE FOR SEX EDUCATION IN NORTH MACEDONIA
Slide 1 Bulgaria
СОСТОЈБАТА НА СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО БУГАРИЈА

Бугарија, слично како и нејзините соседи во Источна Европа, не обезбедува сексуално образование во училиштата како задолжителен...

Slide 2 Albania
СОСТОЈБАТА НА СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО АЛБАНИЈА

Албанија направи значителен напредок по воведувањето на предмети за здравје и сексуалното образование во својот образовен систем од 1995 година...

Slide 3 Romania
СОСТОЈБАТА НА СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РОМАНИЈА

Во Романија, сексуалното образование сè уште е изборен предмет во училиштата. И покрај кампањата во текот на две години...

Slide 4 Macedonia
СОСТОЈБАТА НА СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

На сличен начин како и нејзините источноевропски соседи, Северна Македонија заостанува кога станува збор за сексуалното образование...