Сексуалното образование е суштински дел од здравственото образование и е важно за развојот на тинејџерите, за нивната обука и за нивното целокупно постоење. Но, за жал, има многу теми што остануваат незасегнати во часовите за сексуално образование, вклучувајќи разговори за задоволството на жената, можностите за спречување на несакана бременост, сексот во ЛГБТ општествата (лезбејки, геј, бисексуални и транссексуални луѓе), сексуално преносливи болести и многу други. Ви презентираме 6 работи што сексуалното образование пропуштило да ве научи.
1. ПОВЕЌЕТО ЖЕНИ НЕ ДОЖИВУВААТ ОРГАЗАМ ПРЕКУ ПЕНЕТРАЦИЈА ПРИ СЕКСУАЛЕН ОДНОС
Иако некои нереални порно филмови може да ве натераат да верувате дека сите жени можат да постигнат оргазам после неколку минути пенетрација, всушност, на повеќето жени им е потребна клиторична стимулација за да постигнат оргазам. Истражување, спроведено во 2017 година од Деби Хербеник на универзитетот во Индијана констатира дека САМО 18,6 проценти од жените изјавиле дека пенетрацијата не им е доволна за да достигнат оргазам. Затоа, не заборавајте за клиторисот!
2. НЕ СЕКОЈА ЖЕНА КРВАВИ КОГА ЈА ГУБИ НЕЈЗИНАТА НЕВИНОСТ
Некои жени крвават кога првпат имаат секс, додека други воопшто… и во двата случаи сè е во ред! Кога жените крвават за време на сексуалниот однос, тоа се должи на хименот – тенката мембрана на вагинаата. При вагинален секс за прв пат, вашиот химен се раскинува и може да предизвика болка и крвавење. Но, исто така е важно да се напомени дека хименот може да се скине и по природен пат и од други работи како што се спортови, со употреба на несоодветни тампони или употребата на други работи во вагината. Некои жени се раѓаат со дополнителна ципа на хименот, што може да предизвика повеќе крвавење, додека други се родени со многу мал химен, така што изгледа како воопшто да немаат. Без разлика дали сте крвавеле кога за прв пат сте имале секс или не, вие сте сосема нормални!
3. ПОСТОЈАТ НАЈРАЗЛИЧНИ НАЧИНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ
За жал, нема рецепта која да се применува кај сите.. Ако нешто работи совршено кај вашиот пријател, можеби нема да го има истиот ефект и кај вас. Покрај тоа, има шокантен број на млади кои веруваат дека „пилулата“ е единствениот начин да се спречи несакана бременост. За да го изберете најдобриот начин за чување на вашето тело, неопходно е да се запознаете со различните можности што постојат пред вас. Постојат пет главни форми на спречување на бременост: Методи на контрацепција: машки и женски кондоми, дијафрагма, цервикална капа Долготрајна реверзибилна контрацепција (LARC): стандардни спирали внатре во матката (IUD), контрацептивни импланти. Хормонални методи: „инјекцијата”, комбинирана орална пилула, пилули што содржат само прогестерон, „лепенка”, вагинален прстен Итна контрацепција: бакарна спирала, пилули за итна контрацепција (ECPs) Стерилизација: контрацептивен имплант, лигатура на јајцеводите, вазектомија Забележете дека ниту една форма на контрацепција не е 100% ефикасна (дури и некои форми на стерилизација). Покрај тоа, хормоналните и другите внатрешни форми на контрацепција нема да ве заштитат од сексуално преносливи болести, па дури и ако земате апчиња, обидете се да користите метод на бариера за да се заштитите од инфективните сексуално преносливи болести. Кога зборуваме за контрацепција, важно е да разговарате со лекар специјалист за најдобриот начин за вашето тело.
4. ТЕСТИРАЈТЕ СЕ ЗА СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ
Инфективните сексуално преносливи болести можат да се шират преку орален, анален, вагинален секс, па дури и со допир на гениталиите. Значи, кога некој ќе рече „немав секс“, не значи дека никогаш не бил изложен на сексуално пренослива болест. Што може да ве изненади повеќе од фактот дека можеби сте носител на сексуално преносливи болести, но без тоа да го знаете! Во пракса, многу сексуално преносливи болести имаат мали или воопшто немаат никакви симптоми. Затоа, единствениот начин да се уверите во ова е со испитување. Знаеме дека звучи малку страшно, но повеќето сексуално преносливи инфекции се лекуваат лесно и во повеќето случаи се чуваат во доверливост. Значи немате изговор! Тоа да се испитувате е дел од тоа да бидете одговорна, сексуално активна личност.
5. ШТО Е БЕЗБЕДНИОТ СЕКС ЗА ЛГБТ ЗАЕДНИЦИТЕ
Можеби сте забележале дека на многу часови за сексуално образование, зборот „секс“ често се користи за да се опише сексуалниот однос на пенетрација на пенисот во вагината помеѓу хетеросексуалните луѓе. Но, исто така е важно училиштата и луѓето да разберат дека БЕЗБЕДНИОТ секс е исто така неопходен за луѓе од ист пол! Парови од ист пол исто така треба да користат средства за контрацепција, како што се женски и машки кондоми, гумени брани и други работи за спречување на сексуално преносливи болести. Друга работа што училиштето можеби не ве научило е дека истополовите парови исто така имаат можности за репродукција, а имено ин витро оплодување, сурогатство и други!
6. ПОРНО ФИЛМОВИТЕ НЕ СЕ СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ
Порно филмовите можат да бидат забавно и релаксирачко искуство, но ако започнете со нив од почеток, тие не се најдобриот избор. Исто така, важно е да се прави разлика помеѓу сексот во порно филмовите и реалниот секс и да не се стигнува до нереални очекувања. Ако навистина сакате да научите повеќе за сексот, тогаш разговарајте со возрасно лице на кое му верувате, на пр. наставник за сексуално образование, родител или лекар специјалист. Да, знаеме дека е малку срамно да се оди на гинеколог, но тие се таму за да ви помогнат. Дознајте повеќе за вашето тело во соодветните блогови: 5 НАЈРАСПРОСТРАНЕТИ СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ И КАКО ДА ГИ ЛЕКУВАМЕ 7 РАСПРОСТРАНЕТИ МИТОВИ И НЕДОРАЗБИРАЊА ЗА КОНТРОЛА НА РАЃАЊЕТО ШТО ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ПРИЧИНИ ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ НА ВАШИОТ ЦИКЛУС… ОСВЕН БРЕМЕНОСТ ПОПУЛАРНИ МЕНСТРУАЛНИ ПРОИЗВОДИ. ПРЕДНОСТИ И МИНУСИ 5 СЕКСУАЛНИ ПОЗИЦИИ ЗА КОИ НЕ СЕ СОМНЕВАВТЕ ДЕКА ЌЕ ВИ СЕ ДОПАЃААТ5 SEX POSITIONS YOU DIDN’T KNOW YOU’D LOVE