Секс

Љубов, лајкови и први ноќи заедно: правилата на новите врски 

Љубов, лајкови и први ноќи заедно: правилата на новите врски 

Колку е прерано и кој воопшто брои?

Добредојдовте во ерата на брзите врски и уште побрзите раскинувања..

Времето на „не се јавувај три дена“ и „чекај барем три средби пред да спиете заедно“ официјално е пензионирано. Денес романтиката се случува со брзина на светлината: swipe лево, swipe десно и гледај! Имате заедничка страст кон Stranger Things! За некои љубовта доаѓа по долга дружба. За други, по две Маргарити во бар и едно „неочекувано“ такси за двајца.

екс на прва средба? Или на десетта?

Време е да ги чуете работите такви какви што се. Ако постои хемија, никој не гледа на саат. Сексот на прва средба веќе не значи „крај на секоја шанса за нешто сериозно“. За некои тоа е едноставно дел од магијата, а за други – премногу интимен чин што бара време и доверба. Двете гледишта се валидни. Клучниот збор е: избор. И, секако, заштита. Затоа што безбедноста е на прво место. Не мора да се објаснувате никому (вклучувајќи се и себеси). Спиете заедно? Прекрасно. Чекавте десет средби и долги разговори по телефон? Уште подобро. Нема формула, нема тајмер. И нема потреба од вина ако сте решиле дека вечерва е вистинското време. Или пак, во текот на следните илјада години.

Лежерно, но свесно

Врските се различни. Понекогаш се сложени. Не сте го кажале на глас, но и двајцата го чувствувате така. И иако живееме во свет полн со нијанси, вистината е дека за да се чувствуваш добро во една „необврзувачка“ врска, најважна е јасноста. Со себе и со другата личност. Тука можеме да се потсетиме на Анаис Нин, која веруваше дека искреноста е комплексна, но неопходна. Според неа, немаме една вистина, туку многу вистини зависно од моментот, врската и личноста со која сме. Тоа е провокативно, затоа што ја отфрла идејата за „еден правилен начин“ да сакаш. Наместо тоа, таа веруваше во емоционална искреност, дури и кога вклучува противречности. А, ако го пренесеме тоа на модерното запознавање, тоа е потсетување дека правилата не се универзални. Секоја врска може да има свој сопствен ритам.

Ако сакате секс без емоционални обврски – супер. Ако се надевате дека таа личност со која си пишувате на полноќ ќе стане вашето плус еден на свадбите на пријателите – исто така супер. Но, не си дозволувајте да „пловите со струјата“, ако внатрешно веќе пливате против неа.

Некој ден, еден ден…денес?

Толку сме навикнати да слушаме фрази како „не брзај“, „почекај да се запознаете“, „ќе помисли дека си лесна“, што забораваме на најважното: секоја врска има свој сопствен ритам. Не е важно дали сте стигнале до секс по трет саат или по три месеци, сè додека тоа било свесен, искрен и заеднички избор. Светот веќе не е црно-бел, туку полн со најразлични нијанси. Вистинското прашање е: Како се чувствувате вие?

Контролата е секси

Романтиката може да биде непредвидлива, но тоа не значи дека не можете да бидете подготвени. И тука не зборуваме само за тоа дали си носите резервни чорапи во чантата. Кога работите се развиваат брзо (и жешко), добро е барем еден дел од животот да ви биде под контрола. Не поради некои досадни правила, туку поради вас самите, вашето спокојство, вашето тело и вашата иднина.

Новите времиња не бараат нови правила – бараат самодоверба

Нема потреба да се придржувате до стандарди создадени во ерата на видеотеките.

Слушајте се себеси. Прашајте се не „што ќе помисли тој“, туку „како се чувствувам јас со оваа одлука“. Современата љубов е диво патување кое понекогаш почнува на Tinder, продолжува во кревет и завршува со блокирани броеви. Друг пат – со бел фустан и песна од Ед Ширан. Но едно е сигурно – најсекси нешто што можете да го носите не е чипкаста долна облека, туку јасна свест за тоа што навистина сакате.

Share