КАТЕГОРИИ

Хороскопските знаци и сексот

Велат, дека за моменталната или потенцијалната идна врска постојат многу работи коишто може да ги научите од астрологијата. Хороскопските знаци служат како водич за голем број хипотетички прашања што веројатно си ги поставувате: од тоа колку сте компатибилни и како да се справите со вашиот партнер во кавга, до она што може да очекувате во кревет, за време на сексуален однос.

Како што секој од дванаесетте хороскопски знаци има специфичен сет од карактеристики, така секој од нив има и посебни преференции во однос на полот и предиграта. Независно од тоа дали верувате во астрологија или сте скептични во врска со таа тема, ви нудиме опис на секој хороскопски знак каков е во кревет, според астролозите. Оставаме на вас да процените дали тоа се однесува и за вас и дали има нешто точно:

Овен (21 март – 19 април)

Како огнен знак, Овнот е со страсна природа и истата ја пренесува и меѓу чаршавите. Честопати дефиниран како знак со спортски дух, Овнот ќе настојува да го задоволи својот партнер и да го импресионира со својата изведба. Погоден за долгорочни врски, но понекогаш запаѓа и во бурни краткорочни романси.

Бик (20 април – 20 мај)

Како неверојатно сензуален знак, воден од планетата Венера, Бикот го сака бавното темпо и задоволство во секој момент од сексот. Тој има тенденција да биде малку покорен и да избере партнер кој може да ја преземе контролата во кревет. Како што ужива во добра храна и фино вино, така Бикот ќе ужива и во искуството, пуштајќи го својот партнер да ја води играта.

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

Бидете сигурни дека, ако некогаш се најдете во кревет со Близнаци, тоа ќе биде интересно искуство. Близнаците по природа се дружељубиви, а устата е нивното оружје и во кревет, во секоја смисла на зборот. Имајте на ум дека Близнаците се љубители на валкани разговори.

Рак (21 јуни – 22 јули)

Интровертен по природа и воден пред се од емоции, Ракот сака да внесе романика, кога станува збор за секс. Раковите сакаат да удоволат на свој начин, како на пример со романтични бањи и бакнежи на песочни плажи. А ако сексот на плажа не ви се допаѓа, партнерот Рак ќе постави чаша вино и неколку свеќи покрај креветот.

Лав (23 јули – 22 август)

Лавот е хороскопски знак воден од сонцето, затоа, благо речено, тој треба да биде во центарот на вниманието. Тоа важи како за во креветот, така и надвор од него. Не би ги игнорирал потребите на партнерот, но Лавот сака да се чувствува доминантен, прв, па затоа ќе сподели како да биде сексуално задоволен.

Девица (23 август – 22 септември)

Девиците се карактеризираат со лидерски карактеристики, и често ги пренесуват во кревет, кога станува збор за сексот. Тие можат да бидат исклучително штури, но исто така и трпеливи љубовници, коишто ќе ја завршат целата работа во кревет. И покрај нивната природно доминантна природа, тие се љубезни и внимателни, па затоа можете да сметате на нив за интимни разговори.

Вага (23 септември – 22 октомври)

Вагата посакува рамнотежа во сите сфери во животот – вклучувајќи го и сексот. Тие дефинитивно сакаат да се забавуваат, но задоволството на нивниот партнер е исто толку важно, колку и нивното. Тие секогаш можат лесно да се додворуваат, и само со нежни бакнежи да создадат расположение.

Шкорпија (23 октомври – 21 ноември)

Просто речено, кога станува збор за сексуалната енергија, Шкорпијата го зазема челното место во светот на астрологијата. Нивната мистериозна и страсна природа, гарантира незаборавно искуство за нив и нивниот партнер во кревет. Скорпијата е свесна за тоа, исто како што точно знае што сака и што очекува, дури и ако влезе во подредена улога.

Стрелец (22 ноември – 21 декември)

Стрелецот е знак на зодијакот, со најизразен авантуристички дух во секој аспект од животот. Сексот не е исклучок, бидејќи гледањето порнографија и обидот за сексуални играчки се само неколку примери на работи што може да ги побудат Стрелците. Дискутирање за сексуални фантазии е уште една добра идеја за која вреди да се размисли ако вашиот партнер е овој хороскопски знак.

Јарец (22 декември – 19 јануари)

Како Девицата и Јарецот исто така има силна лидерска природа. Иако се практични и рационални во повеќето аспекти од нивните животи, Јарците знаат да се забавуваат кога е вистинското време за тоа. Тие сакаат разновидност во кревет, па затоа се отворени и за различни фетиши. Ако имате свои, со Јарецот бидете отворени за нив – тој веројатно ги споделува.

Водолија (20 јануари – 18 февруари)

За Водолијата еднаквоста е многу е важна и истата се пренесува и за време на сексуалниот однос. Водолиите обожаваат да гледаат како партнерот се замозадоволува и ужива во тоа. А дали тоа ќе биде „предигра“ или засебен „настан“, зависи од вас.

Риби (19 февруари – 20 март)

Рибите се сонувачи и романтични, па затоа очекувајте сексот со нив да биде токму таков. Рибите сакаат да дадат слобода на имагинациите и фантазијата, па затоа ги носат и во кревет. Иако некои работи може да изгледаат премногу фантастично, секое искуство со претставник на овој хороскопск знак ќе доведе до забавно и незаборавно искуство.

Сексуалните желби и она со кое што некој се чувстува удобно и пријатно, варираат од човек до човек, а астрологијата може да ви даде слика за тоа што би можело да сака во кревет вашиот потенцијалени партнер. Но, за да бидете сигурни, секогаш прашувајте за да знаете дали сте истата страна.

Share