Дигиталното дејтање го смени начинот на кој се поврзуваме, нудејќи многубројни можности, но исто така и носи многу предизвици. За многумина, онлајн состанувањето може да биде извор на возбуда, но исто така може да не доведе до моменти на несигурност и двоумење. Кога се осмелувате на ваков чекор, односно на овој нов начин на поврзување, всушност се впуштате во непознати води. Иако можеби на почеток изгледа ветувачки и новите искуства кои ги нуди овој начин на комуникација и поврзување се возбудливи, на моменти може да биде премногу или за некои дури да биде и застрашувачко. Важно е да знаете дека многумина ги делат истите овие измешани чувства. Анализирајќи ја оваа современа појава, важно е секогаш да им дадете предност на вашата личната добросостојба, безбедност и информираност, и да се впуштате во нови искуства со умереност и внимателност.
Иако се чини дека има несогласувања за точните статистики, онлајн состанувањето не мора секогаш да биде осудено на пропаст – The Knot’s анкетите од 2021 покажуваат дека еден од четири пара се запознале на апликација за дејтање. E-Harmony известува дека 20% од паровите се запознале преку онлајн дејтинг услуги. Друго истражување од 2019 открива дека “околу една третина (32%) од врските кои започнале помеѓу 2015 и 2019 започнале онлајн” – накратко, може да заклучиме дека податоците се дефинитивно ветувачки.
1. Ги откриваме митовите за дејтање во дигиталната ера
- “Љубов на прв свајп”
Идеализираната претстава за моменталната романтична судбина поврзана со еден свајп може да изгледа идилично. Сепак, реалноста не потсетува на сите нијанси на исходи кои може да произлезат од овие ситуации. Според неколку спроведени анкети, мнозинството од луѓето не наоѓаат трајни врски само преку свајп. Иако возбудата на совпаѓањето е неспорна, сепак градење на вистинска, значајна врска се случува многу подалеку од првичниот клик. Тоа е танц кој бара трпение, разбирање, и запознавање со меѓусебниот ритам.
- “Секој е совршен онлајн”
Дигиталните профили, со своите внимателно одбрани слики и приказни, можат да измамат. Приказот на совршена онлајн личност често ја маскира вистината. Кога ќе се вклучите во искрени разговори и поставување на искрени прашања тогаш ја откривате вистинската личност позади профилот – со сите нејзини каприци, ранливост, слаби и силни страни на карактерот.
- “Квантитет пред квалитет”
Возбудата од собирање на голем број на профили со кои се совпаѓате и сте таканаречен меч, може да биде многу привлечно, па дури и да создаде одредена зависност. Сепак, истражувањата покажуваат дека многуте совпаѓања не гарантираат соодветна компатибилност. Она што има вредност е длабочината на поврзување кое што ќе го направите на лично ниво. Квалитетна интеракција со одредена личност е она што често остава долготрајна импресија во споредба со краткотрајните и површински дружби.
2. Бидете свесни и откријте ги т.н црвени знамиња (предупредувања за опасност) во дигиталните врски:
Онлајн светот, иако полн со искрени личности кои бараат конекција, исто така е и прибрежиште на личности кои лажат и се преправаат. Заради тоа важно е да бидете свесни за ризиците кои ги носи овој вид на поврзување и да бидете доволно информирани да ги препознаете истите:
- Одбегнување на видео интеракции: Ако некој постојано одбегнува да направи видео повик или средба лице в лице, може да биде индикатор на несовпаѓање помеѓу нивниот онлајн профил и реалноста. Ова не значи дека првичната срамежливост или технички проблеми не се валидна причина, но доколку одбегнувањето се повторува вреди да се земе во предвид како знак за аларм дека профилот нешто крие.
- Контрадикторност во приказните: Внимавајте на приказни и факти кои постојано се менуваат. Секој може да заборави детал, но значителна контрадикторност може да биде знак на нечесност.
- Одбегнување и однесување кое отсликува таинственост. Нормално е да се штитат лични податоци онлајн. Но, ако некој премногу одбегнува споделување на основни детали или станува премногу таинствен кога е во прашање едноставно и основна комуникација тогаш тоа може да е причина за грижа.
- Спонтани барања. Бидете внимателни со луѓе кои пребрзо бараат лични информации, финансиска помош или било какво барање кое е чудно да се случи толку рано во една врска или поврзување.
- Проверете ја автентичноста на профилот. За жал, тролови и лажни профили на онлајн платформи од секогаш постоеле и ќе постојат. Тука од голема помош може да биде брза проверка на профилната слика или да ги проверите другите нивни профили на социјалните мрежи за да ја утврдите автентичноста на профилот.
- Заштитете ги личните податоци: Никогаш не избрзувајте со тоа што ќе ги споделите вашите лични податоци како вашата адреса, работно место или други информации за идентификација, без разлика колку блиску се чувствувате со таа личност.
Запаметете, иако дигиталната сфера нѐ снабдува со голем избор за потенцијални конекции, неизбежно е да се приоретизира безбедноста и да верувате на вашите инстинкти. Ако нешто ви е сомнително, ок е да се повлечете, да размислите и да продолжите со внимателност. Искрените конекции што ќе ги направите вредат за сета таа трпеливост и будност.
3. Негување на љубов далеку од екраните
Природниот и евентуален прогрес на онлајн состанување е средбата во живо. Сепак, овој чекор може да придружен од анксиозност и нетрпеливост. Помислата за средба во живо, после недели па дури и месеци онлајн комуникација, може да предизвика нервоза и чувство на неизвесност. Како добра парктика може да биде да ја испланирате средбата без некаков притисок, во неформална средина – како состанок на кафе, прошетка во парк или посета на некој локален настан. Таква неутрална средина може да ја ублажи првичната анксиозност и да понуди удобна атмосфера за искрени разговори.
На крајот од денот, колку и да изгледа страшно, првиот дејт односно состанок, може да биде супер или да биде тотален пропаст. И едниот и другиот исход е сосема во ред. Секое искуство може да не научи нешто. Дури и негативно искуство не учи да препознаеме што нас ни одговара, а што не. Всушност, секое искуство било позитивно или негативно, не доближува чекор поблиску да ја најдете на вистинската личност за нас.
4. Комуникација: темел на секоја здрава врска:
Дигиталниот свет на состанување или т.н дејтање, е исполнет со емотикони, ГИФ-ови, кратенки и понекогаш може да претставува вистински предизвик во комуникацијата. Може лесно да дојдеме до погрешна интерпретација, која може да доведе до непотребна тензија и конфузија. Добро е да се држиме до поентата и да не поставуваме нејасна комуникација од самиот старт. Поставување отворена комуникација уште од самиот почеток е најважно. Ова ќе доведе до имање на една основа за искреност, доверба и меѓусебна почит. Кога сме проактивни во изразување на нашите потреби и граници, не само што ги разјаснуваме нашите намери, но исто така и му дозволуваме на нашиот партнер да ги разбере и почитува нашите гледишта.
На пример, наместо да дозволиме непријатна тема да се одолговлекува или да се одбегнуваат одредени теми кои може да провоцираат кавги, директното истакнување на проблемот може да има голем бенефит. Еве како може да го истакнете проблемот: “Се чувствувам неспокојно по нашиот последен разговор. Може ли да разговараме за тоа?” На овој начин не само што го расчистува воздухот од непријатности туку и давате сигнал дека имате желба за решавање на проблемот. Овој пристап укажува дека сте посветени на врската и поканува на отворен и искрен дијалог.
Кога сте отворени во комуникацијата тогаш ги формирате темелите на долготрајна и здрава врска. Создавате средина каде двете индивидуи се чувствуваат слушнато, разбрано и вреднувано. Ова е многу важно во моменти на чувствителност и ранливост, како на пример кога правите тест за бременост. Важно е да знаете дека партнерот ве поддржува, во случај на било каков исход од тестот, а добрата вест е дека доверлив тест како Surecheck е секогаш достапен, безбеден и точен.
5. Справување со предизвици и недоразбирања:
Секоја врска, без разлика колку хармонична, ќе се соочи со предизвици и недоразбирања. Овие предизвици на патот на развојот на една врска не значи дека се индикатори на пропадната врска, туку напротив се шанси за растење и продлабочување доколку имате грижлив и отворен пристап.
На пример, за време на несогласување, лесно е емоциите да ни го поматат умот и начинот на кој расудуваме и носиме одлука. Во моменти на големо несогласувае и кавга битно е да направиме пауза, да го намалиме темпото и да се обидеме вистински да го слушнеме партнерот. Ова може да донесе голем позитивен пресврт во комуникацијата и развојот на кавгата. Пробајте да ја разберете перспективата на вашиот партнер и зошто имаат одреден став – на овој начин ќе може да остварите далеку попродуктивни разговори отколку само да си контрирате и да тврдоглаво да се трудите само да ја докажете својата поента.
Друга честа стапица е тенденцијата да ги потиснуваме чувствата, надевајќи се дека ќе исчезнат со текот на времето. Експертите за врски забележуваат дека ова може да доведе до лутина, гнев, јад и поголеми конфликти во иднината. Ако нешто ви пречи, подобро е да го дискутирате што поскоро. Одберете момент кога двајцата сте смирени и иницирајте разговор со “Јас” изјава да ги искажете вашите чувства без да наметнувате вина, како на пример, “Се чувствував повредено кога…”
Тука постои и предизвикот од надворешните притисоци – како работа, здравствени грижи или фамилијарни обврски. Во такви моменти, најбитно е да запамтите дека сте тим. Наместо да дозволите надворешните притисоци да создадат јамка меѓу вас, искористете ги како можност за зближување, меѓусебна поддршка и заедничко справување со предизвици.
6. Бидете ранливи и автентични:
Во време на лажни онлајн претставувања, нереални фотографии и притисокот за константно прикажување во најдобро светло, покажување на ранливост може да наликува на ризик. Како и да е, длабочината и квалитетот на конекциите што ги формираме кога дозволуваме автентичното јас да заблеска се неспоредливи.
Да се биде ранлив значи ослободување од стравот од предрасуди и слобода да бидеме видени такви какви што сме. Станува збор за делење на оние засрамувачки детски приказни, дискутирање на стравови за иднината, или отворено искажување на нашите потреби и желби во врската. Правејќи го ова, не само што бараме потврдување, туку и градиме мост на разбирање и интимност со нашиот партнер.
Во врските, ова искрено, не филтрирано споделување ја продлабочува довербата. Вашите партнер почнува да го разбира она “зошто” позади сите ваши постапки и обратно. Со текот на времето, оваа отвореност може да изгради подлога каде двете индивидуи се чувствуваат безбедно да бидат своето вистинско јас, без потреба од преправање.
Згора на тоа, важно е да разбереме дека порано или подоцна, маската ќе избледнее. И кога ќе се случи тоа, многу е подобро да бидете со некој кој ве познава вистински и ве сака заради тоа. На крај преправањето знае да биде многу истоштувачко. Спуштање на штитот, иако на почеток застрашувачко, може да биде ослободувачки. Дозволува искреноста да биде темел на вашиот карактер, индивидуално а и да ве отсликува како пар.
Најпосле, најмоќните конекции не се изградени на основа на претставување на совршеното јас туку перфекција туку на споделување и прифаќање на несовршеностите, меѓусебно разбирање, и желбата заеднички да ги надминете сите подеми и падови кои ќе се најдат на патот на една врска.
Клучот е во тоа успешно да ја преточите љубовта од дигиталната ера преку градење на стабилна врска која се базира на автентичност, ранливост и искреност. Surecheck е тест на кој може да сметате во секое време. Можете да се впуштите во авантура за пронаоѓање љубов но истовремено да имате чувство на сигурност, каде секој чекор е чекор поблиску до искрена и долготрајна конекција/ поврзаност.