Овулацијата е една од најважните фази од менструалниот циклус. Прочитајте го овој блог за дополнителни информации околу тоа што е овулацијата и што се случува со вашето тело кога овулирате.
Што е овулација?
Покрај крвавењето, менструалниот циклус кај жените се состои од три фази- фаза на формирање на фоликула, овулацијата и лутеална фаза. Овулацијата е ослободување на зрела јајце-клетка, од еден од јајниците. По ослободувањето, специјалните структури на фалопиевите туби, наречени фимбрии, ја пренесуваат јајце-клетката кон матката.
Кога се јавува овулација и колку трае таа?
Овулацијата обично се јавува во средина од менструалниот циклус. На пример, ако менструалниот циклус трае 28 дена, вашата овулација се јавува околу 14-тиот ден. Најважно е, дека овулацијата трае кратко време – од 12 до 24 часа.
Што се случува со вашите јајници за време на овулацијата?
Секоја жена се раѓа со сите јајце-клетки кои ќе ги има во својот животен век. Женско бебе при раѓањето има околу 2 милиони јајце-клетки. До пубертетот, бројот на јајце-клетки се намалува до 500.000. Покрај тоа, само 300-400 од овие јајце-клетки ќе созреат во женскиот животен век.
Основна единица на женскиот репродуктивен систем, се јајчаните фоликули. Тие се лоцирани во јадрото на јајникот и поминуваат низ многу промени за време на нивниот развој. Секој месец, една од фоликулите забележително се зголемува. Таа фоликула се нарекува доминантна и е онаа која ќе испушти зрела јајце клетка за време на овулацијата. Сперматозоидите ја пресретнуваат јајце-клетката во фалопиевата туба, каде се случува оплодувањето. Доколу јајце клетката е оплодена, таа се движи кон матката каде се прикачува на ѕидот од матката. Во спротивно, се јавува менструација.
Кои хормони се вклучени во овулацијата?
За да знаете што се случува со хормоните за време на овулацијата, треба најпрвин да знаете што се случува со нив претходно. За време на фазата на формирање на фоликули, нашата хипофиза создава, лачи хормон за стимулирање на фоликули – фоликуло-стимулирачки хормон (FSH). Овој хормони го стимулира растот на јајце клетки во јајниците. За време на менструалниот циклус, фоликулите се во различен стадиум на развој. Доминантната фоликула започнува со создавање на естроген. Тоа предизвикува големо зголемување на количината на лутеинизирачкиот хормони (LH), исто така произведен од хипофизата. Зголемувањето на ЛХ ја предизвикува овулацијата. По овулацијата, од остатоците на празната фоликула се формира жолта обвивка. Таа создава прогестерон кој ја подготвува матката за бременост. Доколку не се случи оплодувањето, нивото на естроген и прогестерон се намалуваат што доведува до менструација.
Што се случува со моето тело за време на овулацијата?
- Промени во цервикалниот мукус (слуз) – поради високите нивоа на естроген, цервикалната слуз се зголемува во обемот и станува погуста, и наликува на белки од јајца. Тоа му помага на сперматозоидите да стигне до јајце клетка.
- Вие сте добро расположени – за разлика од вашето лошо расположение за време на периодот/на менструација, во овулација се чувствувате одлично, се смеете повеќе и се чувствувате полни со енергија.
- Вашето либидо се зголемува
- Градите се почувствителни
- Болки во стомакот – некои жени пријавуваат болки во стомакот слична на онаа за време на менструацијата. Ова е предизвикано како резултат на ослободување на јајцето.
- Промени на грлото на матката – за време на овулацијата, грлото на матката се крева нагоре и станува помеко и влажно. Тоа овозможува сперматозоидите полесно да влезе во матката.
Се обидувам да забременам
Жените кои планираат да имаат бебе треба да следат кога ќе се појави нивната овулација, бидејќи тоа е нивниот најплоден период. Сперматозоидите живеат до 5 дена во женското тело. Тоа значи доколку имате секс во понеделник, имате живи сперматозоиди дури до четврток. Од друга страна, зрелото јајце живее до 24 часа. Затоа, ако сакате да забремените, треба да имате секс непосредно пред овулацијата. Се препорачува да имате секс 3-4 пати неделно или секој втор ден околу очекуваната овулација. Покрај тоа, сперматозоидите ќе имаат доволно време да се регенерираат. Прочитајте го нашиот блог за дополнителни информации во врска со бременоста.
Како можам да знам дека имам овулација?
- Температура на телото – За време на овулацијата телесната температура е благо покачена (приближно 1 степени Целзиусови), што може да го потврдите со термометар. Проверувајте ја температурата на вашето тело секое утро подолг период за да може да ја разликувате.
- Тест на урина – тестовите за овулација работат со прва утринска урина. Тие ги мерат високите нивоа на LH во урината.
- Тест на плунка – хормоните ја менуваат конзистентноста на исушената плунка за време на овулацијата.
- Календар за овулација – ефикасен само доколку имате редовен период. За да дознаете кога имате овулација, одземете 14 од вкупниот број денови на вашиот менструалниот циклус. На пример, ако вашиот циклус трае 28 дена, вашата овулација се јавува околу 14-тиот ден. (28-14 = 14).
- Ултразвучен преглед – најсигурен метод, но го врши лекар.
Што е ановулација?
Ановулација е недостаток на овулација за време на менструалниот циклус. Нормално, ова се случува еднаш на секои 13 месеци. Вообичаено причината е хормонално нарушување.