Сексот е една од поважните, ако не и најважните нишка во една здравата врска. Сексуалниот чин ни овозможува да изградиме интимност со партнерот и да откриеме одредени карактеристики и квалитети кај нашиот партнер кои во спротивно би ни било тешко да ги откриеме.
Заради сето ова обрнуваме големо внимание на самиот чин, бидејќи покрај задоволство кое ни го приредува, ни носи и градење на нашата самодоверба и близина со партнерот. Ова допринесува да се изгради чувство на исполнета емотивна врска. Динамиката на секојдневието и останатите фактори кои влијаат на нашите животи, честопати играат важна улога во сексуалниот живот на партнерите и допринесуваат тие да изгубат интерес еден за друг. Ова може да доведе до неколку негативни последици како што се намалена самодоверба, несигурност, кавги па дури и изневерување. Доброто е што има решение и секогаш може да работите на тоа да се изградите соодветно високо ниво на комуникација со партнерот и да нема табу теми за разговор. За ја одржите вашата интимна блискост, потребно е да постои отворена комуникација и да постои желба да се работи на градење на близината и интимноста од страна на двете страни. Причините за ниско либидо или неволност да се започне сексуален однос може да се должат на различни фактори. Во продолжение пет фактори кои веруваме дека влијаат на гасење на интимната привлечност:
1. Хроничен замор
Поради оптеретеноста на работа и притисокот кој доаѓа од професионалната средина во текот на работното време, понекогаш не ни остануваат сили за интимни односи во приватното времето поминато со нашиот партнер. Топол туш или вечера со саканата на крајот од работниот ден е доволно да се релаксираме и да не исполни со позитивни емоции. На прво место, добро е да комуницираме еден со друг за да го идентификуваме проблемот заедно. Дури и ако и двајцата сте ја пронашле зоната на удобност во целата оваа рутина, занемарувањето на вашиот сексуален живот ќе има непријатно влијание врз вашата врска на долг рок. Ако чувствувате дека сте ладни во креветот, можеби е време да направите план за акција. Одвојте една ноќ неделно за да поминете повеќе интимни моменти. Направете си релаксирачка масажа, гледајте еротски филм или направете топла купка во која ќе уживате заедно со партнерот. Направете игра со сексуални предизвици и по случаен избор, активирајте по еден предизвик секоја недела. Направете резервација во ресторан само за вас двајца, облечете ја вашата најубава облека и ставете фини додатоци, бидејќи деталите ја прават разликата за вие да се чуствувате убаво и посакувано со што ќе бидете особено привлечни за вашиот партнер. На овој начин ќе имате искуство кое ќе ве извади од досадната рутина на секојдневието и ќе придонесе за повозбудлив и еротски амбиент кој ќе ја врати возбудата во креветот.
2. Стрес > Секс
Телото е сликата на умот и кога умот е исполнет со анксиозност, тоа влијае на физичкиот изглед и перформанси на телото. Ако сте под стрес или загрижени, веројатно нема да можете целосно да се опуштите во кревет и да уживате во сексот. Во некои случаи, тешко е да се ослободиме од стресот, но сепак можеме да пробаме неколку методи. Многупати пешачењето може многу да помогне во намалувањето на стресот кој се наталожил од секојдневието. Дури и пешачењето од дома до работа и обратно, купување во маалската продавница, прошетка со вашето милениче, може да ни помогне да поминеме повеќе надвор на отворено и да го одвлече вниманието од стресни ситуации. Друг испробан и проверен метод за балансирање на емоциите е јогата. Медитирањето влијае да се декомпресираат ефектите од несаканиот стрес и го ослободува вашиот ум и тело.
3. Алкохол
Сите сме ја слушнале фразата „Пијани луѓе, среќен кревет “. Всушност, употребата на алкохол во поголеми количини и други активни супстанции може да ја попречи ерекцијата и ејакулацијата, како и да доведе до нарушувања на расположението и либидото. Ако партнерот не е свесен за овие ефекти, тие може различно да го толкуваат недостатокот на сексуална желба и моќ, па тука повторно клучот е комуникацијата.
4. Деца
Децата се најголема среќа, но всушност бараат постојана грижа. На многу парови им е тешко да се прилагодат на доаѓањето на нов член во семејството и од тоа најчесто страда нивниот сексуален живот. Во нивните напори да им дадат доволно време и внимание, родителите го ставаат сексот во последен план. Затоа, во секоја прилика треба да се препуштате еден на друг, што ќе ги направи работите многу повозбудливи.
5. Досада
Монотонија и правење на работите секогаш на ист начин. Толку долго сте заедно, толку многу сте направиле заедно и како да ви е здодевно од се. Ова не треба да се сфати како крај на страстен период во врската, туку како предизвик. Секогаш има нешто ново да се проба, само ако постои желба за експериментирање и ако сакате да вложите напор во изнаоѓање на нови пози и позиции кои би сакале да ги испробате. Обидете се да се погледнете со други очи, со очите на странци или луѓе што штотуку сте ги запознале, а кои имаат силна хемија еден со друг. Запомнете дека кога сте интимни, вие сте поблиски од кога било и нема место за срам и предрасуди. Затоа, не плашете се да пробате непознати и возбудливи работи. Па, зошто да не се препуштите во непознатото, се со цел повторно да се разбуди нова искра на привлечност?