Идеи и совети

Здрав маж – среќна жена: како машкото здравје влијае на жените 

Здрав маж – среќна жена: како машкото здравје влијае на жените 

Ајде да бидеме искрени: интимноста е тимска работа. Не се случува сама по себе, не доаѓа со опција „само за тебе“ и дефинитивно не е имуна на последиците од (не)здравите навики на твојот партнер. Па, следниот пат кога ќе ти каже: „Добро сум, не се грижи“, слободно насмевни се и прати му линк од овој текст. Затоа што, дами, машкото здравје директно влијае на вашето – и тоа не само во спалната соба. 

Хигиената е секси (или барем треба да биде) 

Не мора да биде фитнес модел или мајстор во кујна, но редовно туширање, добра интимна хигиена и прегледи кај уролог се новото „те сакам“. Мажите кои не се грижат за личната хигиена или имаат нелекувани инфекции (како уретрит или простатит), често носат бактерии што можат кај жената да предизвикаат габични инфекции, бактериска вагиноза или цистит. Звучи романтично? Не баш. 

Можеби не делите туш, но делите микрофлора 

Вагиналната микрофлора е како мал, внимателно балансиран екосистем. И кога некој влегува со „загаден багаж“ – лоша хигиена на устата, пушење, лоши навики или хронични инфекции – балансот се нарушува. Резултатот? Непријатност, чешање, лош мирис и постојано повторување на инфекции кои ниту една крема не ги решава… ако причината сè уште спие покрај тебе. 

И сперматозоидите имаат „расположение

Здравјето на неговите сперматозоиди е клучно – особено ако планирате бебе. Кај мажи што пушат, пијат, имаат хронични болести (како дијабет или низок тестостерон) или едноставно не се грижат за себе, сперматозоидите често се слаби, оштетени или бавни. 
А знаете што следи? Зголемен ризик од спонтани абортуси во раната бременост. Тоа не е само медицински факт – тоа е емоционален, хормонален и физички предизвик за жената. 

Не треба само таа да „оди на контрола

Навикнати сме да слушаме дека жените треба редовно да посетуваат гинеколог – еднаш годишно или почесто. Но знаете што? И мажите имаат свој гинеколог – се вика уролог. И не, не треба да чекаат да наполнат 50 години или „нешто да ги заболи“. Прегледи за инфекции, репродуктивно здравје, нивоа на тестостерон, па и состојбата на простатата може (и треба) да се прават превентивно. Особено ако имаат активен сексуален живот, планирате дете или едноставно сакате да останете здрави, среќни и страствени уште долго време. 

Жената ја плаќа цената – со телото и емоциите 

Никој не зборува доволно за ова, но ќе го кажеме овде: секоја инфекција, абортус или хормонална бура влијае на целото тело – психата, самодовербата, менструалниот циклус, желбата за интимност. Не затоа што сте „слаби“, туку затоа што телото чувствува сè. 

Ајде да зборуваме за машкото здравје… затоа што се грижиме 

Го сакаш? Супер. Тоа значи дека треба да ти е важно не само дали користи добар парфем и има вкус за музика, туку дали бил на контролен преглед, дали зема витамини, дали спие доволно итн. Сексуалното здравје не е само кондом. Тоа е комуникација, одговорност и чувство дека си со некој што се грижи – и за себе и за тебе. 

Грижата е најсилниот афродизијак 

Нема ништо посекси од маж кој разбира дека неговото здравје не е само негов проблем. Кој знае дека интимноста е тимска игра, а не соло настап. И дека „мислам на тебе“ понекогаш значи: „закажав преглед кај урологот, ќе одиме и до аптека.

Дами, не срамете сè да зборувате отворено за овие теми. Вашето здравје почнува со вашиот глас. А нема ништо помоќно од жена што знае каде се нејзините граници – и кого пушта низ нив.  

За повеќе интересни статии за сексуално образование, посетерте го блогот на Surecheck

Surecheck Blog | Sex, Pregnancy, Health, Educational & More

Извори:   

GUYnecology’: Why men’s reproductive health matters | Yale News

Why is a man’s hygiene so important to women? | HowStuffWorks

[Dr. Thanushree] – Sexual Health: Personal Hygiene And Safety | Allo Health

Share