Безбеден секс и СПБ

ЖЕНСКИ КОНДОМИ 101

Everything You Need To Know About Female Condoms

Секој има слушнато за (надворешни) кондоми – но дали сте знаеле дека има и „женски“ (внатрешни) кондоми исто така? Тие се доста поголеми, одговараат на внатрешноста на вагината и доколку се употребуваат правилно – обезбедуваат многу поголем процент на заштита од несакана бременост и развој на СПИ.

Овој метод на заштита го преферираат повеќето жени, затоа што дава чувство на безбедност бидејќи вие имате контрола врз сексуалното и репродуктивно здравје.

Доколку сакате да научите повеќе за женскиот кондом продолжете и ние ќе ви кажеме повеќе за ова заштитно средство!

НАЧИН НА ЗАШТИТА

Женскиот кондом може да се вметне во вагината најмогу осум часа пред сексуалните односи. Повеќето комерцијално достапни модели имаат флексибилен прстен на двата краја. Внатрешниот прстен го задржува кондомот исправен во внатрешноста во вагината, а надворешниот прстен спречува кондомот да се втурне целосно во вагината (а исто така покрива и дел од вулвата).

Сепак, постои и друг вид женски кондом познат како „бикини-кондом“. Тоа е долна облека со отвор во меѓуножјето со затегнувачи на кои можат да се прицврстат женските кондоми за да не се втурне кондомот целосно во вагината. Друг вид на „бикини-кондом“ е исто така долна облека што има прицврстен кондом кој е прикачен на двојното дно од облеката кое се наоѓа пред вулвата, што може да се отвори пред сексуалниот однос.

Дополнително, овој внатрешен кондом може да се користи и за анален секс, за да се спречи развојот на СПИ.

ЗОШТО да се користи ЖЕНСКИОТ КОНДОМ

Повеќето женски кондоми се изработени од полиуретан или гума, така што е безбеден за употреба за луѓе со алергии на латекс. Друга придобивка за женските кондоми од полиуретан или нитрил е тоа што тие можат да се користат со повеќето типови на лубриканти.

Дополнително, внатрешниот кондом нема потреба од ерекција за да се вметне. Кај некои луѓе времето за да го најдат, отворат и стават (надворешниот) кондом, може да предизвика прекн на ерекцијата и да влијае на расположението, затоа женскиот кондом е совршена алтернатива! Всушност, вметнувањето внатрешен кондом може да се искористи и за предигра.

НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ

  • Женските кондоми нудат висока заштита од несакана бременост и СПИ.
  • Бариерните методи, како женските кондоми, имаат брз ефект.
  • Генерално се достапни без рецепт.
  • Женски кондоми може да се вметнат до осум часа пред сексуалниот однос.
  • Ретко предизвикува алергиски реакции и има минимален ризик од несакани ефекти.

КОИ СЕ РИЗИЦИТЕ

Доколку се употребуваат правилно, женскиот кондом е ефикасен над 95%. Но, многумина не ги следат правилно упатствата, така што во реални услови, женските кондоми се ефикасни околу 79%. Или поинаку кажано, 21 од 100 луѓе кои користат внатрешни кондоми како главен метод за контрацепција, ќе забременат секоја година.

Некои други непријатности кои што можат да се појават за време на употребата на женски кондоми се:

  • Кондомот може да се скине.
  • Кондомот може да се излезе надвор од вагината.
  • Пенисот може да навлезе помеѓу вагината и надворешната површина на кондомот.
  • Надворешниот прстен на кондомот може да влезе во вагината за време на сексуалните односи.

Иако овие фактори може да ве оттргнат од употреба на женските кондоми, имајте на ум дека не постои метод за заштита од несакана бременост кој е 100% ефикасен – затоа, многумина лекари препорачуваат да се користат орални контрацептивни пилули како дополнение на останатите методи на заштита (како што се кондомите), како би се зголемила заштита од несакана бременост, како и СПИ.

 

КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ

Ако претходно не сте користеле женски кондом, внимателно прочитајте го упатството. Дополнително, СЕКОГАШ проверете го датумот на употреба и проверете дали постојат било какви знаци на оштетување, како мали дупки или капки.

Пред да го користите за првпат, вежбајте вметнување на женски кондом. Дополнително, внимавајте кондомот секогаш да остане на место по вметнувањето.

Не користете истовремено женски со машки кондом, бидејќи тие можат меѓусебно да се залепат и да предизвикаат триење што би резултирало со кинење на еден или двата кондоми. На крај, никогаш повторно не користете го веќе користениот внатрешен или надворешен кондом.

Share