Бременоста е важен настан во животот на една жена, кој менува многу па заради тоа знаењето кога и како да се тестира целото искуство од сомнеж до вистинска информација може да го направи помалку стресно и неизвесно. Подготвувањето за потенцијална бременост вклучува низа на различни емоции и прашања.Информациите во нашиот сеопфатен водич, кој го имате достапен на само еден клик од вас, може значително да го олесни процесот.
Во овој водич ќе се осврнеме на сите детали од процесот, од моментот кога се сомневате дека сте останале бремена, самиот чин на тестирање кога е сидеално време а се направи тестотдо прецизно и точно толкување на резултатите. До крајот на овој водич, ќе имате појасно разбирање за тоа кога и како да гонаправите тестот за бременост, како и на кој начин да ги прочитате резултатите, за да бидете сигурни во веродостојноста на истите без разлика, каков и да е резултатот.
Дали треба да го направите тестот веднаш после сексуалниот однос?
Правење на тест за бременост веднаш по однос не се препорачува, бидејќи нема да обезбеди точни резултати. Тоа е така заради тоа што откривањето на бременоста со тестот на тој начин што се детектира присуството на hCG хормонот во вашето тело, исто така наречен и човечки хорион гонадотропин (hCG). Овој хормон почнува да се лачи од плацентата по успешна имплантација на оплодената јајце клетка. За да почне излачувањето потребно е да поминат најмалку 10 дена од денот кога мислите дека сте останале бремена. По сексуалниот однос, сперматозоидите треба време да стигнат до јајцеклетката и еден од нив да успее да го оплоди. Потоа, оплоденотата јајцеклетка се движи низ јајцеводите се до моментот кога ќе пристигне до матката каде почнува имплантација или вгнездување на оплодената јајцеклетка во ѕидот на матката. По завршувањето на целиот овој процес, започнува производството на hCG хормон во телото. Ова обично се случува околу 10 дена по зачнувањето, и заради тоа велиме дека е бесмислено да се направи тест за бременост порано од 10 дена по односот.
Кој е најкраткиот период во кој може да го направам тестот?
Најраниот период по кој може да се направи тест за бременост е 10 дена после сексуален однос. Потребно е да заврши процесот на имплантација, да почне да се лачи хормонот hCG за да може да се детектира од стана на тестот за бременост.
Во одредени случаи, дури и по 10 дена, нивото на хормонот е толку ниско што неможе да се детектира од страна на тестот за бременост. Тоа е така заради тоа што секое тело е различно и несекогаш ја достигнува вистинската концепција веднаш по односот. На ова може да влијаат многу фактори како што се времето кога се случила овулација, животниот век на сперматтозоидите и јајце клетката како и уникатниот репродуктивен систем на секој човек.Сперматозоидите може да преживеат и до 5 дена во женскиот репродуктивен тракт , додека пак јајцеклетката е погодна за оплодување до 24 часа по овулацијата. Ова значи дека зачнувањето може да се случи неколку дена по односот, што дополнително влијае на времето кога hCG почнува да се произведува во телото. Како што напредува бременоста, нивото на hCG се зголемува, овозможувајќи тестовите за бременост да го детектираат неговото присуство подобро и побрзо со зголемување на неговата концентрација во телото. Имајте на ум дека 10 дена е минимум времето кое треба да помине за да направите тест за бременост, а во некои случаеви дури ќе треба да почекате подолго за да се тестирате.
Потребно е да знаете дека доколку се тестирате премногу рано, пред нивото на HCG да достигне доволно висока концентрација, тестот , може да резултира со лажно-негативен резултат, што ќе ве наведе на тоа дека не сте бремена, а всушност сте бремена – само станува збор за многу рана бременост.
Сепак сакате да се тестирате порано?
Можеби сте особено нетрпеливи и желни да го дознаете резултатот, но дефинитивно е подобра идеја да почекате подолго од 10 дена за да добиете точни резултати од тестот за бременост. Разумна временска рамка кога треба да го направите тестот е две недели (или повеќе) по сексуалниот однос кога се сомневате дека сте останале бремена. На тој начин му давате доволно време на hCG хормонот да се излачи во вашето тело и да достигне нивоа кои се доволно високи да ги детектира тестот. .
Како што споменавме погоре, точниот тајминг на зачнување може да варира и да биде различен за секоја индивидуа. На тоа влијаат факторите како што се времетраењето на менструалниот циклус, денот на овулација и животниот век на сперматозоидите и јајце клетката. Покрај ова, сите жени немаат редовни менструални циклуси и неможат точно да го утврдат датумот на овулација, што допринесува уште потешко да се одреди точното време на зачнување.
Најточниот од прецизните
За повеќето тестови за бременост, вклучувајќи го surecheck, точноста на тесто е зголемува како поминува времето. Најточното време кога треба да се направи тестирањето е првиот ден по задоцнет циклус. Во тој период, нивото на hCG во вашето тело би требало да се зголеми доволно за да биде откриено со тест за бременост, без оглед на потенцијалните варијации во времето на зачнување. Со оглед на сето ова, најдобаро е тестот за бременост да се направи првиот ден по вашиот пропуштен циклус се со цел да сте сигурни дека добивате најпрецизни резултати. Сепак, ако почнете да се соочувате со симптоми на бременост порано, можеби ќе сакате да направите тест и да направите уште еден тест ако го пропуштите вашиот период, само за да бидете сигурни.
Првите симптоми на бременоста
Некои чести симптоми на рана бременост вклучуваат:
- Пропуштен менструален циклус
- Осетливи на допир или отечени гради
- Замор
- Гадење или повраќање
- Зголемено мокрење
- Желби или аверзии кон одредена храна
Ако ги имате овие симптоми, можеби е добра идеја веднаш да се направи тест за бременост за да потврдите дали сте бремена. Важно е да се спомене дека голем број жени не доживуваат никакви симптоми на почетокот. Некои дури и може да имаат мало крварење (бледо црвена розеникава крв) кое најчесто е забележано во текот на раните фази на бременоста, што може погрешно да ве наведе дека циклусот започнал. Ова крварење обично не е обемно и е со посветла боја во споредба со нормалниот циклус и трае кратко Овој феномен е познат како крварење при имплнтација на јајцеклетката на ѕидот од матката. Затоа е мудро да се направи тест за бременост ако сте имале секс без заштита или се сомневате дека можеби сте бремена.
Како да го прочитате резултатот од тестот
Резултатот од тестот за бременост може да варира во зависност од брендот кој го користите. Со Surecheck, ќе видите една линија ако тестот е негативен и две линии ако е позитивен. Задолжително прочитајте ги инструкциите вклучени во пакувањето и за тоа како да ги интерпретирате резултатите.
Тестза бременост кој се прави во домашни услови – дали се точни или не?
Кога се користи правилно, тестот кој се прави во удобноста на вашиот дома или каде вас ви одговара, како што е Surecheck се со стапка на точност од 99%. За да се осигурате дека ќе добиете најпрецизни резултати, внимателно следете ги упатствата за тестирање и направете го тестот една недела по изостанат месечен циклус. .
Неважечки резултат – што значи тоа?
Неважечкиот резултат од тестот за бременост обично значи дека тестот не можел да обезбеди јасен резултат, или поради погрешно користење или заради неисправен тест. Вообичаените причини за неважечки резултат од тестот вклучуваат:
- Недоволно количина на урина: Осигурајте се да ги следите упатствата за тестирање колку долго да ја изложите испитувачката лента на урина.
- Тест со истечен рок: Проверете го датумот до кога е соодветен тестот за користење. Вообичаено рокот е истакнат на видно место на пакувањето. Тестовите со поминат рок за користењеможе да не обезбедат точни резултати.
- Дефектен тест: Ако се сомневате дека вашиот тест може да биде неисправен, обидете се да го направите тестирањето со тест ново пакување или контактирајте го производителот за понатамошна асистенција и помош.
Во секој случај, ако добиете неважечки резултат од тестот, најдобро е да го вратите тестот во аптеката каде сте го купиле тестот за да ви го заменат со нов кој ќе обезбедите точни резултати.
Имајќи точни информации и вистинско знаење и разбирање кога и како да се направи тестот за бременост е од суштинско значење за да го направите тестот правилно а со тоа и да добиете точни резултати. Ова ќе ви овозможи да донесете добро информирани животни одлуки и да го планирате вашето семејство. Со Surecheck, можете да бидете уверени дека користете сигурен и прецизен тест. Следејќи ги насоките наведени во овој сеопфатен водич, можете да се чувствувате уверени во вашата способност да се тестирате правилнои правилно да ги толкувате резултатите, што ќе ви даде самодоверба во носењето на понатамошни одлуки.
Најважно од се е дека не сте сами во ова искуство! Уште безброј други жени ја оделе оваа патека или допрва ќе ја одат. . Среќно тестирање!