Идеи и совети

Вие не сте хаос – туку ритам: Cycle Syncing и поврзувањето со вашето тело 

Вие не сте хаос – туку ритам: Cycle Syncing и поврзувањето со вашето тело 

Сетете се на оние денови од месецот кога се чувствувате како Тејлор Свифт на турнеја – полни со енергија, сјајни и подготвени да го освоите светот. А потоа… другите денови. Кога се будите како напуштена хероина од некоја солзлива трагикомедија. Единственото расположение? Тажна музика, чоколадо и ќебе до ушите. 
Смирете се. Не сте променливи. Вие сте… жена. 

Добредојдовте во светот на cycle syncing – вашата нова најдобра пријателка ако сакате да живеете, работите, тренирате и флертувате во хармонија со своето тело. 

Не сте „луди“ – туку само во циклус 

Женското тело не е робот. Тоа е прецизно усогласен оркестар од хормони, енергија и емоции. Во текот на месецот, поминувате низ четири главни фази: менструална, фоликуларна, овулаторна и лутеална. Секоја фаза носи различна енергија, потреби и сила (или недостаток од истата). 
Cycle syncing значи да научите да живеете во синхронизација со нив – како внатрешен Google календар, но за вашите хормони. 

Менструална фаза: Време за себе (и за малку драма) 

Добредојдовте во вашата soft girl ера. Естрогенот и прогестеронот опаѓаат, а вам ви треба одмор, топлина и – да, чоколаден хумус (тоа навистина постои). Телото се детоксикира, интуицијата ви се засилува, а желбата за комуникација исчезнува. Дозволете си мир. Ставете маска за лице, исклучете го звукот на телефонот и почнете Netflix маратон. И тоа е продуктивност. 

Фоликуларна фаза: Нов циклус, нова јас 

Естрогенот расте – и вие заедно со него. Енергијата се враќа, мислите ви стануваат јасни, а плановите кои минатата недела изгледаа невозможни, сега се само… вторник. 
Совршен момент за нови почетоци – дали ќе биде нов бизнис, промена на изгледот или чистење на Tinder профилот, вие сте CEO на вашиот живот. Тренирајте, флертувајте, излегувајте. Само сјајте!

Овулаторна фаза: Сексапил на максимум 

Ако има момент кога да објавите селфи со „случајно“ откопчана кошула и оној „секси сум и го знам тоа“ поглед – тоа е сега. Естрогенот е на врвот, либидото исто така, комуникацијата ви е совршена, а аурата ви шепоти: Јас сум таа девојка. Идеално време за важни состаноци, флерт, интервјуа, средби и страсти. Овулацијата е вашиот женски Супербоул. Излезете и уживајте! 

Лутеална фаза: Кралица на границите 

По овулацијата следува фазата на внатрешната вештерка – мудра, интуитивна, но со потреба за мир, граници и… чипс со лимон. Прогестеронот расте и телото се подготвува за евентуална бременост или PMS лудилото. Ова е време за поспокојни активности: јога, ритуали за љубов кон себе, избегнување токсични разговори. Сè уште сте божество – само малку потивко. И поспремни да го блокирате бившиот. 

Cycle syncing: Моќта да бидеш во ритам со себе 

Cycle syncing не е диета. Не е режим. И не е уште една тренди фраза од Instagram. 
Тоа е љубовно писмо до вашето тело – признание дека не морате да бидете 100% секој ден. Кога знаете во која фаза сте, можете подобро да избирате: што да јадете, како да тренирате, што да прифатите (обврски, луѓе, емоции)… и кога да се згреете во ќебе и да си дадете топла прегратка. 

Вие сте божица во секоја фаза 

Жена која го разбира својот циклус, не се казнува со вина за тоа што е уморна. 
Таа си прави чај со мед и си пушта Лана Дел Реј. 
Таа не се прашува зошто нема фокус – туку си вели: „Лутеална сум, остави ме на мира со глупости.“ 

Cycle syncing не е контрола. Тоа е ослободување – од очекувања, перфекционизам и исцрпеност. 
И да – од бесконечниот притисок да сте сè за сите, секогаш. 

Дами, вие не сте хаос. 
Вие сте сезона, бран, ритам. 
Усогласете се со себе – и гледајте како светот танцува на вашата музика.

За повеќе слични интересни статии за сексуално образование проверете го блогот на Surecheck

Surecheck Blog | Sex, Pregnancy, Health, Educational & More

Извори:

Cycle Syncing: Maximizing Your Diet, Fitness Routine, and More

How to Exercise Around Each Stage of Your Menstrual Cycle | Boots

Foods to eat for each stage of your menstrual cycle –

Share