Родителство

Абортус? – не прашуваме„Зошто “, туку ги разгледуваме опциите „Како“

Жена държи надпис

Нема ништо срамно во абортусот. Напротив, правото на избор е нешто што не разликува од другите цицачи. Не секоја жена треба да биде мајка за да се чувствува исполнета. Не секој пар се чувствува подготвен да има дете во секој момент од нивната врска. Одбивањето експлицитно да се создаде идна генерација, како и правото на избор за абортус, отсекогаш биле широко дебатирани прашања.

Целта на оваа статија не е да постави граници помеѓу „морално“ и „неморално“, туку да им помогне на сите жени да се информираат за оваа тема од перспектива на лекар. Доколку сте решиле да ја прекинете бременоста, добро е да се запознаете со процесот, поточно – со сите можни методи и ризиците кои произлегуваат од нив. За почеток, треба да се истакне дека можете да абортирате на ваше барање до 12-та недела од бременоста – поточно до крајот на третиот месец.

Земање таблети или таканаречен „медицински абортус “

Во зависност од тоа во која недела од бременоста сте, ова е методот кој најчесто се предлага за да се прекине бременоста. Овој тип на абортус се состои од земање на два вида таблети, во строги интервали од 34 до 40 часа. Секоја од таблетките има соодветна намена и улога. По земањето на првата таблета, жената добива обилна и болна менструација. Бидејќи во процесот се јавува болка може да се земе некаков лек против болки. Земањето на вториот тип таблета, која предизвикува контракции, при што контрахира матката и доаѓа до спонтано исфрлање на ембрионот.

Предностите на медицинскиот абортус се неговата неинвазивност (нема анестезија и специфични инструменти за манипулација), брзина (минимален контакт и престој во болнилца) и помала штета на психата на жената.

Објаснето на овој начин, звучи лесно, но сепак главниот ризик што постои со медицинскиот абортус е тоа што може да биде неуспешен многу почесто за разлика од хируршкиот абортус. Тоа значи дека бременоста може да продолжи да постои или да биде нарушена, но да остане „заглавена“ во матката. Во последно време, ваквите компликации стануваат сè поретки поради добрата комуникација помеѓу специјалист и пациент.

Многу е важно да добиете прецизни насоки за тоа како треба да се одвива целата процедура за да може лесно да ги следите упатствата од докторот, при што ќе се намали ризикот да направите грешка и процедурата да биде неуспешна. Најважното нешто на кое треба да внимавате е крварењето кое се јавува по земањето на таблетите. Често наликува на крварењето кое вообичаено го имате во текот на месечниот циклус – првите неколку дена е пообилна, потоа постепено се намалува и може да трае до две недели. Доколку забележите дека количината на крварење не се намалува или дека трае повеќе од 14-15 дена, треба да се обратите кај вашиот гинеколог. Освен физичка непријатност, абортусот има влијание и на психата на пациентката, па затоа треба да имате доверба во вашиот лекар/гинеколог и да го/ја известите за било какви промени за вашата состојба, се со цел навремено да може да реагира со совет како состојбата да се подобри.

Хируршки абортус или „киретажа“

Ова е несомнено почест метод за прекинување на бременоста и најчесто се практикува во поодмината бременост (9-12 недели). Оваа процедура за прекин на бременоста, предвидува користење на специјални инструменти со кои на инвазивен начин преку вагината се пристапува до матката и се отстранува плодот. Овој метод на абортус се применува под делумна или целосна анестезија. За разлика од претходниот метод кој го опшиавме каде матката контрахира и телото само го исфрла плодот, тука отстранувањето е со помош на хируршки инструменти.

Со овој метод веројатноста да остане плодот неотстранет е многу мала, иако во пракса се забележани и такви случаеви. Самата процедура е рутинска, но никако не е без ризици. Постои опасност од нарушување на интегритетот на одредени ткива, што предиспонира за инфекции, перфорација на матката – состојба која често бара хируршка интервенција. Друг назив на хируршкиот метод на абортус е таканаречената „вакуум-аспирација “, при која повторно под целосна анестезија се внесува вакуумска канила во матката преку која се аспирира плодовата вода и ембрионот. По оваа процедура, одржувањето на хигиена и добросостојба на телото е од особена важност. Докторот ќе ви даде препорака да не посетувате јавни базени, спа центри, да се воздржите од секс, да не споделувате долна облека или пешкири за хигиена со никого додека трае крварењето предизвикано од гореспоменатат процедура.

Често поставувано прашање е: „Дали постои можност да не можам да имам деца по овој абортус? “. Одговорот е сложен. Можно е после некое време да имате проблеми со забременување, но шансите да се поради самиот абортус се мали. Вообичаено, не постои директна врска помеѓу абортусот и неплодноста и ниту една жена не треба да се плаши да мисли дека тоа е причината поради која не може да забремени во иднина. Информациите го штитат здравјето – колку повеќе знаеме, толку повеќе можеме да се заштитиме, па затоа е потреба  да имаме повеќе информации на темата за  абортус. Во многу држави во светот, абортусот, за жал, сеуште е постапка која е забранета со закон и се спроведува во нерегулирани ординации во услови кои не нудат безбедна процедура за отстранување на плодот, а што претставува огромен ризик за здравјето и животот на жените.

Од особена важност е да се едуцираме на темата, да поседуваме релевантни информации и да сфатиме дека правото за да се донесе одредена одлука е на страната на индивидуата, односно  на страната на жената која е во ситуација да одлучи дали да абортира или не.

Share