6 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА КОНДОМИТЕ

Категории: Uncategorized @mk.
Translation Priorities: Optional.

Кондом, гумичка, мантил за дожд … веројатно веќе ги знаете многубројните зборови со кои ги нарекуваме кондомите. Тие се едни од најкористените методи на контрацепција затоа што тие се лесно достапни, можеме да си ги дозволиме и се многу корисни за спречување на СПБ (сексуално преносливи болести) и несакана бременост. Но, има и многу работи што можеби не ги знаете за нив.
Бидете подготвени затоа што имаме интересни информации за Вас и дознајте неколку факти за кондомите кои досега не сте ги знаеле.

Кондомите биле користени уште пред новата ера

Дури и нашите предци биле загрижени за безбеден секс. Според истражувачите, најраниот доказ за заштита на пенисот е пронајден кај пештерските цртежи. Во француската пештера „Grotte des Combarrelles“ има цртежи на карпите на маж кој се чини дека користи кондом. Цртежите се стари околу 15 000 години.
Сепак, не е јасно какви биле точно овие антички кондоми, но важно е дека нашите предци биле доволно мудри и практикувале безбеден секс.

Кондоми од ткаенини

Првиот документиран кондом датира уште од раните години на Новата ера Тие биле парчиња ткаенина, сошиени со рака. Некои од овие кондоми го покривале целиот пенис, додека други – само главичката. Кондомите од ткаенина повторно се здобија со популарност помеѓу 1400 и 1700 година.
Не сме многу сигурни колку била пријатна нивната употреба за партнерите, или колку тие биле безбедни против СПИ (сексуално преносливи инфекции) и забременување, но секој изум треба да започне од некаде.

Кондоми за Свети Валентин

Valentines Day

Според истражувањето за 2017 година, 68% од родените помеѓу 1980 и 1990 година велат дека имаат најмногу секс на Свети Валентин. Студијата беше спроведена кај повеќе од 3.000 сексуално активни мажи и жени на возраст меѓу 18 и 34 години.
Во некои земји, 14 февруари е исто така Национален ден на кондомот. Иронично, но и многу практично, затоа што според податоци на друга студија, секоја секунда на Денот на вљубените се користат во просек 87 кондоми. Ова е еднакво на неверојатниот број 7.516.800 кондоми користени само на 14 февруари.

Кондомите имаат рок на траење

Да, знаеме – кога сте расположени, првото нешто што Ви доаѓа на ум одвај дека е рокот на траење. Сепак, важно е да знаеме дека кондомите имаат рок на траење до четири години! Ова важи ако ги чувате на ладно и суво место, а не пикнати во задниот џеб или паричникот.

Два не се повеќе од еден

Не му верувајте на овој мит! Многу луѓе веруваат дека користењето на два кондоми значи двојно подобра заштита. Употребата на два кондоми сместени еден врз друг НЕ обезбедува дополнителна заштита. Дури го зголемува ризикот од кинење на кондомот, а со тоа и ризиците од несакана бременост или пренесување на СПИ (сексуално преносливи инфекции). Наместо тоа, фокусирајте се на квалитетот на производот, користењето на вистинската големина на кондомот и доброто подмачкување.

Жените сочинуваат речиси половина од купувачите на кондоми

Кога станува збор за сексуално здравје, понекогаш е најдобро да ги преземате работите во свои раце. Според најновите бројки, 40% од кондомите се продадени на жени. Проактивните жени преземаат одговорност за своето сексуално здравје и не се оставаат на случајот. Браво дами!
Доколку барате уште интересни факти, митови и информации на тема сексуално здравје – посетете го нашиот блог уште денес!