ПОДОБРУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ШАНСИ Користејќи витамини и СУПЛЕМЕНТИ

Категории: Uncategorized @mk.
Translation Priorities: Optional.

Додека се обидувате да забремените, важно е да ги земате вистинските витамини и додатоци, не само што можат да ја подобрат плодноста и да ги зголемат вашите шанси за забременување – исто така може да го намалат ризикот од проблеми во развојот на вашето бебе во раните фази на бременоста.
Не сте сигурни кои додатоци да ги земете на вашето патување за да станете родител? Прочитајте понатаму и откријте кои додатоци се најдобри, како тие ги зголемуваат вашите шанси за забременување и колкава количина треба да земате.

ВАЖНОСТА НА ВИТАМИНИТЕ И ДОДАТОЦИТЕ

Пренатален режим на негување со витамини и додатоци е важно, бидејќи ја зголемува плодноста и шансите за забременување. Витамините и додатоците обезбедуваат и мајката и детето да ги добијат хранливите материи потребни за здрава бременост, но не треба да чекате додека да забремените за да започнете да ја дополнувате вашата диета со витамини, бидејќи тие помагаат во плодноста и создаваат средина подготвена за создавање и поддршка на животот. Лекарите препорачуваат да земате витамини и додатоци два до три месеци пред да се обидете да забремените.
Правилната комбинација на витамини за плодност и кај мажи и за жени, ги зголемува шансите за забременување со подобрување на квалитетот на јајце клетката и спермата. Студиите докажуваат дека витамините и додатоците доведуваат до зголемени шанси за забременување во пократки временски периоди.

ФОЛНА КИСЕЛИНА

Фолната киселина (позната и како витамин Б9) е позната по тоа што е одличен избор на додаток за започнување на здрава бременост. Го намалува ризикот од дефекти на нервните канали и многу други проблеми во раниот развој на бебето. Истражувањата докажуваат дека земањето фолна киселина е ефикасно во зголемувањето на стапката на плодност.
Surecheck совет: лекарите препорачуваат да земате 400 микрограми фолна киселина дневно, почнувајќи од зачнувањето до крајот на бременоста. Ова е доза на фолна киселина во додатоци како folacid® meta (биоактивна форма на фолна киселина).

ВИТАМИН Е

Обично се користи во производи за нега на кожата, за намалување на брчките, витамин E помага во санирање на оштетените клетки – што го прави совршен витамин за плодност. Тој е основен хранлив материјал за јајниците и делува како анти-оксиданс против стареење. За повозрасни жени кои се обидуваат да забременат, витаминот Е помага во подобрување на квалитетот на јајце клетката што е од суштинско значење за да можат да забременат и да го носат плодот до крај.

ВИТАМИН Д

Витаминот Д е многу значаен за развојот на здрави хормони. Овие хормони испраќаат клучни сигнали во текот на целиот месец, создавајќи редовност на менструалниот циклус кај жената и обезбедуваат рамнотежа во текот на бременоста. Здравата изложеност на сончева светлина е најдобриот начин за наддополнување на витаминот Д, но во денешно време вообичаено е да имаме недостаток од него, затоа се препорачува дополнително внесување на витамин Д.

ВИТАМИН Д

Клучен пренатален додаток што позитивно влијае на развојот на мозокот кај бебињата. Исто така, истражувањата покажуваат дека ОМЕГА-3 масните киселини (најчесто се наоѓаат во апчиња со рибино масло) ја зголемуваат плодноста со подобрување на квалитетот на јајце ллетките.
Surechek совет: лекарите препорачуваат да земате најмалку 300 мг масни киселини ОМЕГА 3 на ден.

Omega-3 Fatty Acids

СЕЛЕН

Познат по своите антиоксидантни способности, селенот е витамин кој ја подобрува плодноста обезбедувајќи здрави фоликули на јајниците кои развиваат и ослободуваат здрави јајце клетки. Земањето на селен помага во спречување на гестациски компликации и спонтани абортуси, исто така го заштитува нервниот систем на вашето бебе од оштетување во развојната фаза.
Surechek совет: лекарите препорачуваат жените да внесуваат околу 60 мг селен на ден.

COENZYME Q10 (COQ10)

CoQ10 е популарен витамин за плодност, бидејќи истражувањата покажауваат дека ја зголемува плодноста, особено за жени над 40 години. Го покачува квалитетот на јајце клетката и ја згуснува обвивката на матката, што е особено важно за жените со тенки обвивки кои се борат да забременат. Некои истражувања дури покажуваат дека ги подобрува стапките на плодност кај жени со полицистично нарушување на јајниците.
SURECHECK совет: лекарите препорачуваат да земате дневна доза од 150 мг до 600 мг CoQ10.

ВИТАМИНИ ЗА подобрување на Плодноста кај мажи

Постои заблуда дека додатоците за плодност се исклучиво наменети за жените, но ова е мит. Мажите кои користат додатоци за плодност имаат придобивки од подобрување на бројот на сперматозоидите, подвижноста и квалитетот, со што ги подобруваат шансите за зачнување на поздраво бебе.
Фолната киселина е ефикасна во зголемувањето на плодноста кај мажите, бидејќи создава поздрава сперма и го подобрува целокупното здравје на вашето идно бебе. Лекарите препорачуваат да земате 400 мгр фолна киселина дневно.
CoQ10 е познат по својата способност да го зголеми бројот на сперматозоидите и да го подобри квалитетот на истите. Лекарите препорачуваат да земате 200mg coq10 два пати на ден.
Антиоксидантите на селенот се клучни и за машката плодност, бидејќи недостатокот може да доведе до неплодност. Земањето на селен ја зголемува подвижноста на сперматозоидите и квалитетот на истите, зголемувајќи ја неизмерно можноста за зачнување.
Омега-иг3 масните киселини го зголемуваат квалитетот на сперматозоидите и создаваат одлични предуслови за плодност кај мажите, лекарите препорачуваат да земате 200 мг двапати на ден.
Цинкот го подобрува бројот на сперматозоидите и квалитетот. Белите дамки на ноктите може да укажат на недостаток на цинк и сугерираат од потреба за дополнување на вашата потреба од цинк. Истражувањата докажаа дека земањето 66mg цинк дневно го зголемува бројот на сперматозоидите.

ВИТАМИНИ ЗА време на бременост

Vitamins For Pregnancy
Кога вашата работа (и игра) води кон успешна бременост, треба да го прилагодите режимот на внесување на витамини и додатоци за да го поддржите развојот на вашето бебе.
Колку порано дознаете, толку подобро. Ова е причината зошто е важно редовно да се прават тестови за бременост кога се обидувате да забремените. Препорачуваме да користите сигурни тестови за бременост како Surecheck – кои се развиени со Coladial Gold технологија и можат да детектираат точни резултати со загарантирана 99% точност од првиот ден на задоцнет менструален циклус.
Доколку тестот е позитивен, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар за да можете да бидете тестирани за недостатоци на хранливи материи и пропишани витамини и додатоци според специфичните потреби на вашето тело и бебе.
Железото е пропишано за да се спречи анемија кај мајките и мала тежина при раѓање кај бебиња. Витаминот Ц помага да се подобри способноста на вашето тело да апсорбира железо од вашата диета. Фолната киселина спречува бебињата да развиваат дефекти на нервниот систем, како спинална бифида. Јодот е неопходен за развој на мозокот и нервниот систем на вашето бебе. Витаминот Д и Б12 го поддржуваат здравиот развој на скелетот и нервниот систем на вашето бебе. Калциумот е од витално значење за здравјето на коските.

Ако сакате да дознаете повеќе за бременоста и како да ги подобрите вашите шанси за зачнување, погледнете ги нашите најнови блогови за да откриете нови совети за зголемување на плодноста и либидото.